( 1 Глас )
На ден 23.07.2018 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ –Битола, се одржа натпревар за слем – поезија во рамки на проектот Креирај- Слемирај!
На натпреварот зедоа учество околу десетина учесници кои активно учествуваа во претходните три работилници за слем поезија.
Учесниците имаа можност да го претстават своето авторско дело преку слем изведба пред многубројната публика која со интерес го проследи целиот настан.

За официјален победник на натпреварот беше прогласена најмладата поетеса и надежна слемерка Андреа Наковска, која што беше наградена со бесплатно членство во библиотеката и книги за сите учесници.
Натпреварот претставуваше силен поттик за вакви креативни настани да се случуваат се почесто, со поддршка од страна на библиотеката.
Поезијата која што беше изведена на натпреварот ќе биде дел од Збирката за слем-поезија, при што ќе биде достапна за читателите и љубителите на изговорениот збор. Настанот е дел од Бит фест 2018 година. Следат повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156721471723679