English French German Macedonian

22. Семинар на виртуелни српски библиотечни мрежи, Врујци 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Хортикултурни е–библиотеки – тридневен акредитиран стручен семинар ( 6 бодови + 6 бодови - код Народна библиотека Србија и 2 еуро бодови Telehaz Asociacio

Библиотеки и културна дипломатија – курс

Теми:

Зошто релација холтикултура и библиотеки, со поставка на практични дублети.

Дефиниција на поимите во рамките на применета хортикултура.

Можности за примена на елементи од доменот на хортикултура во работата на јавните библиотеки.

Практични работилници за работа со деца и анимација на новите корисници.

Примери и искуства за достапност за користење на литература од областа на хортикултурни содржини.

Примери на добра пракса од библиотеки со развиена содржина (Smithsonian Libraries Botany and Horticulture Library Washington DC, Bagrdan (Srbija) и друштвени мрежи (EBHL – European Botanical and Horticultural Libraries Group)

Основи за поставување на содржините и базите од доменот на хортикултура во три чекори.

Хортикултура и маркетинг во библиотека.

Библиотечните услуги поврзани со примена на хортикултурни содржини во програмите на библиотека.

Предавачи: д-р Адам Софронијевиќ, м-р Слободан Стевановски, Драган Сајиќ,

инж. Мирко С. Марковиќ, Весна Црнковиќ, Ратка Вучковиќ, Беба Станковиќ

Работилници:

Тања Кујунџиќ

Програм плус:

Хортикултурни дијалог: Ласло Блашковиќ и Милош Латиновиќ

Библиотекарите од повеќе библиотеки од Р. Македонија (Скопје, Битола, Радовиш) имаа прилика да учествуваат во акредитираниот семинар кој што професионално и со многу иновативни содржини беше организиран од инж. Мирко С. Марковиќ, кој со својата харизматична личност не воведе во светот на новите библиотечни услуги. Беседа на писателот Радован Бели Марковиќ не воведе во почеток на семинарот и светот на библиотекарите. Др Адам Софронијевиќ, заменик директор на Универзитетската библиотека „Светозар Марковиќ“ не воведе во светот на дигитализација преку говорот на цвеќето и она што денес го познавае како парадигма на новото библиотечно работење. Весна Црнковиќ, библиотекар од Јагодинска библиотека, добитник на четири европски награди за проектот Агролиб и Инели иноватор не запозна со можности за примена на иновативните програми и хортикултурални модели во активности на библиотеки. Сосема единствен концепт на хортикултурни програми од Ковачица, насловен како мултиетнички хербаријум инспиративно делуваше на сите присутни.

Организирани беа и работилници со Беба Станковиќ, Инели Балкан иноватор на тема „Библиотеки и културна дипломатија“ каде што беше даден пресек на активностите поврзани со иновативни услуги иницирани од Инели, како и хортикултурна радионица за изработка на модели на цвекиња за потреби на проекти од детските библиотечни оддели. Доделени беа и сертификати со меѓународни бодови.

Семинар замислен како средба на библиотекари со повеќе различни професии кулминираше со заедничка вечера во руралниот тренинг центар Интернет клуб – Мала Маришта, со средба на писателите од издавачката куќа „Лагуна“ од Београд, заедничко дружење покрај логорска ватра, го заокружи семинарот како одлично организиран и тематски подготвен за промените во библиотечното работење во 21. век.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер