English French German Macedonian

Сите во библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на акцијата „Сите во библиотека“, поттикната е иницијатива за доближување на библиотечните книжни фондови до децата од основното образование - со посебно насочување кон основошколците од 5-8 одделение.

За таа цел, Одделот за популаризација од нашата библиотека посети неколку основни училишта во Општина Битола и на учениците им подели анкетен прашалник преку кој ќе се добие повратна информација во врска со подобрувањето на услугите на Библиотеката и нејзино поуспешно и функционално работење.

На средбите беа претставени наслови на книги кои ги препорачуваме како слободна литература за време на летниот распуст, беше дадена информација дека Библиотеката веќе ги набави и лектирите предвидени со новата програма од Министерството за Образование и Наука, а исто така беа подарени и над 40 наслови на книги за училишните библиотеки како поддршка во збогатувањето на нивниот книжен фонд. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156550627928679

 

 

 

 

 

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер