Најавување

English French German Macedonian

„Велигденско патување“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, училиштето за странски јазици„Росета Стоун“ – Битола, Француска Алијанса – Битола, Центар за германски јазик „Илиеви“ - Битола и ОУ „Гоце Делчев“ – Битола на ден 05.04.2018 година (четврток), го организираа настанот наречен „Велигденско патување“.
Настанот опфати презентации од ученици за Велигденските обичаи во Македонија, Англија, Израел, Бразил, Германија и Франција.
Учениците презентираа за Велигденските симболи и кратка драматизација за велигденските обичаи.
Во холот на библиотеката изложени се паноа со фотографии и изработки од страна на учениците.
Во секоја држава различно се одбележува овој голем празник и секое одбележување според традицијата носи своја симболика и порака.
Убавината е во различностите, а запознавањето со другите традиции е доближување до нив. Инспирацијата од различните култура е само еден од начините да го направиме и нашиот дом поразличен и празничното прославување побогато и посвечено. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156446007758679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер