English French German Macedonian

Посета на Хоспис „Сју Рајдер“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Оваа  година  „ 8-ми март – Меѓународниот ден на жената е обележан под мотивот „Малку поинаков женски активизам...“ НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, во соработка со Ј.П.  „Комуналец“ – Битола, „Организација на жени“ – Битола и ученици од средното училиште “Таки Даскалот“ –Битола.

На ден  07.03.2018 година ( среда)  бевме во посета  на Хоспис „Сју Рајдер“, на пациентите  на домот им подготвивме пригодна празнична програма, при што им  беше честитан празникот со подарување на еден цвет кој го обезбеди Ј.П. „Комунална хигиена“ – Битола, додека учениците од гимназијата “Таки Даскалот“ – Битола Анастасија Димовска, Сара Ристевска, Божидар Николовски  ни се претставија  со рецитирање на лирската поезија  и изведба на неколку забавни песни.

 

На настанот се обратија   м-р Јелена Петроска директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,  Соња Лозановска – претставник од Хоспис Сју Рајдер – Битола и  во име на  Организација на жени од Битола - Верица Бутлевска.
На изразот на лицата на корисните на  домот, можеше да се види среќа, возбуда и по некоја солза радосница. Тие внимателно ја проследија целата културна програма и изразија  желба вакви активности да бидат застапени и во понатамошниот период. На следниот линк следат повеќе фотографии од настанот https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156358852303679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер