Најавување

English French German Macedonian

Клуб на читатели, 08.02.2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 8 февруари 2018 година, во 11 часот, во просториите на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола се одржа средба на читатели и размена на книги.

Посетителите понесоа со себе свои прочитани книги и ги разменија со книгите на другите посетители.
Со читателите се поведе разговор за организирање на „Клуб на читатели за млади и возрасни“, во рамките на кој ќе се анализираат различни книги, ќе се дискутира за омилени книги, писатели и други идеи за организирање на претставување на познати писатели и нивните дела, дебати на теми од областа на книжевното творештво итн.
Клубот ќе претставува можност и форма да се сретнат на едно место сите љубители на книгата. Идејата е да им се даде можност на читателите да ги искажат своите мислења, можност за размена на идеи, да научат како се одвива една дискусија, како се дава критички осврт и анализа на дело, да го збогатат нивниот вкус за литература и да развијат комуникациски вештини.

 

Подготвил, Илче Стојановски

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер