English French German Macedonian

Изложби 04.11.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА
ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

“БИТОЛА НЕКОГАШ И ДЕНЕС”
По повод 4 ти Ноември - Денот на ослободувањето на Битола, Националната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола во холот постави изложба на книги под наслов “Битола некогаш и денес” која беше прифатена и од општинската програма за одбележување на овој голем празник на градот. На изложбата беа презентирани 160 монографски публикации и стари фотографии на Битола. Книгите содржински опфаќаа временски периоди од минатото - антиката, од поблиското и подалечно културно историско минато, од општествено економскиот развој  на Битола, од научно истражувачката работа, стопанството, воспитно образовниот процес, културата изданија на Библиотеката, спортот и книги од битолски писатели членови на ДПМ.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески. За изложбата кратко образложение за медиумите во Битола даде г-дин Драги Кабровски вработен во Библиотеката на културни активности.
Сподели на Facebook