Најавување

English French German Macedonian

Обука на тема „Комуникациски вештини“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Вработените во Битолската универзитетска библиотека  денеска (01.12.2017) учеа  како да ги зголемат сопствените знаења и се усовршат во областа на работа со странки  и техники на успешна презентација со цел поквалитетно да одговорат на барањата на своето работно место.
Постојаните промени во технологијата на знаење, потенцијалот и комптенциите на библиотечниот кадар налагаат повеќе да се усовршуваат и повеќе да се вложува во сопственото знаење. Изградувањето на професионален и посветен однос кон корисникот бара од библиотекарот знаења и соодветни вештини. Во оваа насока е денешната обука што се одржа во библиотеката  Св. Климент Охридски на тема „Комуникациски вештини“. „За нас корисникот  претставува  бесценета личност и затоа денес имаме  обука за нашите вработени како подобро и поквалитетно  да се справат  со сите проблеми  на кои што наидуваат во нивното работење“ изјави директорката на библиотеката Јелена Петровска .
Денешната обука е организирана во соработка со „Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија“ Скопје. Најголемата проблематика во нашето секојдневие е комуникацијата, вели проф. Д-р Зехдел Абедин Шехи.
Обуката продолжува утре на тема „Говор на тело“. Усовршувањето во работењето е предуслов за успешна работа но и но  за учество на стручни семинари , конференции и сл и претставува основа  за напредок во кариерата велат од Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија. На следниот линк следат слики https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156078919608679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер