English French German Macedonian

„Патот на свилата“ – Колин Фалконер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

1260 година. Жосран Саразини е човек со тажна душа, витез од редот Темплари кој го прогонува срамно минато и кој бара спасение во опасниот крстоносен поход, патувањето од Палестина до Занаду - престолнината на Монголското царство, за да пронајде сојузник против Сарацените на дворот на легендарниот Кублај-кан. Но, наместо тоа, тој наоѓа утеха во принцезата-воин, убавата и нескротлива Кутелун, припадник на варварското племе Татарки од монголските степи.

Иако нивниот сојуз навидум е невозможен, принцезата во Жосран ќе го пронајде она коешто не може да го пронајде кај никого од нејзиното племе. Додека го вејат пустинските ветришта, го прогонуваат ордите на Сарацените и го мачи страста која не може да ја скроти, Жосран мора да ја напушти Кутелун ако сака да го доврши своето патување и да ја спаси својата душа. Патот не може да го замисли полош, бидејќи патува со Вилијам, домениканец кој е опседнат од религиски занес, а чиј живот се заколнал дека ќе го чува. Меѓутоа, најлошо од сè е што, кога ќе стигне во Занаду започнува граѓанската војна.

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер