English French German Macedonian

Нобелова награда за литература

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Октомври вообичано е месецот во кој дознаваме кој популарен светски писател се здоби со Нобеловата награда за книжевност. Шведската академија во текот на оваа година, помеѓу останатите автори, направи избор од: Светлана Алексијевич – книжевник и новинар од Белорусија, американските писатели Филип Рот, Томас Пинчон и Боб Дилан, канаѓанките Алис Манро и Маргарет Атвуд, како и од јапонскиот писател кој од година во година се појавува како фаворит за оваа награда – Харуки Мураками.

Сепак, на крај, Нобеловата награда за литература ја добива британецот со јапонски корени, Казуо Ишигуро (https://www.youtube.com/watch?v=DoGtQPks3qs). Во описот на овој писател можеме да препознаеме осум прозни дела од кои наградувани се „Уметникот на пловечкиот свет (An Artist of the Floating World)“ – 1986 и неговиот најпознат роман „На крајот од денот“ – кој е носител на престижната Букерова награда – 1989 година и кој доживува и своја екранизација во 1993 година (https://www.youtube.com/watch?v=dsH83p_mfEs). Романот „Никогаш не оставај ме“, кој го имаме во нашата Библиотека и кој е достапен за читателите, е утврден од страна на книжевните критичари на престижното списание „Тајмс“ на листата на 100 најдобри романи на англиски јазик на сите времиња. Помеѓу останатите негови дела ги сретнуваме и насловите: „Без утеха“, „Кога бевме сиромашни“ и „Ноктурно“.

Некои од анегдотите поврзани за нобеловата награда се и тие дека просечната возраст на добитниците е 64 години, додека најмладиот автор Радјард Киплинг (добитник на 42 годишна возраст) – а најстариот писателката Дорис Лесинг (добитничка на 88 годишна возраст). Исто така, куриезитет е што Винстон Черчил е добитник токму на Нобеловата награда за литература, за која бил номиниран дури 20 пати (иако многу сметаат дека е добитник на Нобелова награда за мир), а единствените двајца кои ја одбиле биле Борис Пастернак (1958) и Жан Пол Сартр (1964).

Оваа награда за литература никогаш не ја добиле имиња како: Толстој, Ибзен, Зола, Џојс, Пруст, Кафка, Набоков, Борхес...

 

Припремил: Александар Крстев (Оддел за Информации)

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер