Најавување

English French German Macedonian

Активности по повод октомври - месец на книгата 2017

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Една од најважните функции на Библиотеката е популаризацијата на книгата и читањето, развивање на свеста и навиките за читање. Од друга страна важно и потребно е родителите да им читаат на децата уште од најрана возраст, при што покрај поминувањето на пријатни моменти во друштво со книгата, се стекнува и навика за читање и љубов кон книгата.
Октомври е месец на книгата, кога се трудиме да го поттикнеме читањето, и не само тоа, туку преку проектот „Сликовница за секое дете“ и „Месец на книгата“ – Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридеки“ - Битола, ќе го промовире читањето и моќта на книгата меѓу најмладите. Проектот е само еден од многуте проекти што го поттикнуваат и стимулираат читањето.
Неодамнешната промоција на книгата за деца „Кога тато ќе порасне“ од авторот Дан Оријан – амбасадор на Израел во Република Македонија, која беше презентирана во нашата Установа и како мултимедијално ЦД, предизвика голем интерес и внимание кај најмладите читатели.

Сето тоа ни даде инспирација дека книгата и нејзините вредности и достоинства треба да најдат место и да се пренесуваат и надвор од ѕидовите на библиотеката. Имено,тие вибрации и трепети Библиотеката ги ослушнува како потреби на заедницата.
Во таа смисла, Библиотеката во соработка со градинката „Снегулка“, на 5 октомври 2017 година (четврток), со почеток во 10 часот на најмладите ќе им го претстави мултимедијалното ЦД како и истоимената книга „Кога тато ќе порасне“ од Дан Оријан. Ова е моментот кога треба да побараме само да ја раскажат приказната. На овој начин децата ќе ја вежбаат својата меморија што доаѓа прво, што второ, а што трето. Децата ќе уживаат во раскажувањето на приказната од книгата која нема текст, туку многу слики. Тоа ќе им помогне да ги користат своите јазични вештини и креативноста.
Периодот на возраст од 6 до 10 години е многу важен за формирањео на односот на човекот кон книгата. Најпрво треба да се створи навика, дисциплина и култура кон читањето. Континуирано да се посвети време за читање дома, за што поддршката од родителите е многу есенцијална. Секако во овој процес важна улога покрај родителите имаат и наставниците во текот на воспитно – образовниот процес. Како што ќе им читате на вашите деца, со тек на време ќе имаат омилени приказни и ќе бараат повторно да им ги прочитате.
Во истиот месец во Библиотеката како воведување на нови практики во библиотечното работење, осмисливме активности за воведување на „Клуб на читатели за деца“, наменет за сите љубители на книгата.


Убавите, интересни текстови се уште поинтересни доколку се обработуваат заедно со другарчињата. Во Клубот на читатели ќе се обработуваат познатите, но и нови текстови создадени од писателите. Клубот ќе има за задача да им помогне на децата од најрана училишна возраст да ја усовршат новостекнатата вештина – читањето, но и да ја осознаат и издвојат пораката од секој текст. Покрај читањето, се учи и правилна употреба на интерпункциските знаци, како дел од самото четиво. Преку самостојно творење и пишување, децата се охрабруваат да ја искажат својата креативност и да ја развијат својата фантазија.
Исто така за млади и возрасни ќе се организира Дебатен клуб, „Клуб на читатели за млади и возрасни“, во рамките на кој ќе се анализираат различни книги, ќе се дискутира за омилени книги и писатели.
Клубот ќе претставува можност и форма да се сретнат на едно место сите љубители на книгата. Идејата е да им се даде можност на читателите да ги искажат своите мислења, можност за размена на идеи, да научат како се одвива една дискусија, како се дава критички осврт и анализа на дело, да го збогатат нивниот вкус за литература и да развијат комуникациски вештини.
Сите заинтересирани за учество во Клубовите, можат да пријават учество на следниот mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , да се наведе име и презиме, телефон за контакт маил и возраст. Повикот е отворен до 31 октомври 2017 година. Контакт лица: Фатма Бајрам Аземовска 070 699743 и Илче Стојановски 075 869078..
Една од активностите предвидени во месецот на книгата е и средбата на ученици со битолските писатели „Писателите зборуваат за книгата“, со цел учениците да се запознаат со писателите, нивната дејност и творештво, воедно да се мотивираат да ги читаат нивните дела, и самите да пишуваат.
Активностите по повод „Месецот на книгата“ се организираат со цел поголема популаризација и афурмација на книгата и творештвото, важноста и значењето на читањето, особено во најраната возраст.

 

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер