Најавување

English French German Macedonian

Промовирано мултимедијално цд „Кога тато ќе порасне“ - Дан Оријан

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Битола,преку иновативните проекти, секоја година настојува да ги следи современите трендови и текови на развој на библиотечната дејност и библиотеките како објекти од поширок општествен интерес.
Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, оваа година се реализира проекот „Сликовница за секое дете“.
Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков третмна и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните интитуции и јавните добра.

Во рамки на проектот се обработи книгата “Кога тато ќе порасне“ од израелскиот автор – амбасадорот Дан Оријан.
„Кога тато ќе порасне“ е мала, но многу вредна книга, напишана од еден дипломат кој се уште го негува детето во себе, книга за секое дете и секој возрасен. Книга за желбите и соништата.
Книгата е обработена во двд формат чија содржина се раскажува и со знаковен јазик.
Мултимедијалното цд е одлична можност и за љубителите на книгата кои имаат проблем со видот, читањето им претставува напор, кои од различни причини не се во можност да читаат ( им се тресат рацете, подобро се чувстуваат слушајќи книги, подобро се концентрираат и помнат слушајки книга итн) На следниот линк можете да го видите мултимедијалното цд „Кога тато ќе порасне“ https://www.youtube.com/watch?v=7I1pZzVUCC8&t=14s. На следниот линк повеќе фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10155790205903679

 

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер