English French German Macedonian

Претставена збирката на дробен печат

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во рамките на БИТФЕСТ 2017  година, Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, на ден 09.08.2017 година (среда)   во просториите на библитеката ја претстави збирката на дробен печат, кој е содржински средена и поставена во витрини и истата ќе претставува постојана поставка на библиотечен материјал – дробен печат.
Основна мисија на секоја национална библиотека е да го комплетира, чува, обработува и промовира библиотечниот материјал. Дробниот печат претставува генерички поим за разновиден библиотечен материјал кој е библиографски неповрзан, но за потребите на обработката, чувањето и користењето е обединет во групи по некои заеднички елементи.
Со години наназад дробниот печат во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола е прибиран, комплетиран и истиот опфаќа – плакати, летоци, проспекти, разгледници, фотографии, адресари, билтени, брошури, именици, каталози и др.
Библиотеката поседува завиден број материјал на дробен печат, кој последниве неколку години рапидно расте. Низ плакати, брошури, покани, флаери, граѓаните на општина Битола и пошироко можат да се потсетат или да дознаат за настаните кои се случувале пред неколку децении, па дури и пред половина век.
Во сочуваниот библиотечен материјал претставено е минатото со различни општествените случувања, фестивали итн  кои се одржале на овие простори и оставиле белег на едно време.
Содржините на дробниот печат се значајни за истражувачите и другите корисници заради својата изворност/оргиналност и документарност.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер