Најавување

English French German Macedonian

„Македонски искушенија“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамки на   проектот „По врвиците на хероите на Македонија“, претставување на едицијата „Македонски  искушенија“ Националната  установа Универзитетска библиотека  „Св Климент Охридски“ – Битола  ќе ги претстави делата од едицијата Македонски искушенија.
Програмата опфаќа 5 мултимедијални настани- претставувања на книги од едицијата „Македонски искушенија“, од страна на  историчари.
Првиот настан ќе се одржи на ден 07.08.2017 (понеделник- денеска) со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката. Ќе бидат прикажани и уметнички перформанси и инсерти од документарни филмови кои ќе ја доловат историската димензија на претставените личности и соодветните настани и околности во времето во кое тие живееле, твореле и се бореле.
Секој мултимедијален настан има за цел од историски аспект да го разјасни и потенцира придонесот на истакнатите македонски дејци за ослободувањето и осамостојувањето на Република Македонија.
Главна цел на проектот е:
-    да се претстави содржината на едицијата
-    да се привлече вниманието на јавноста преку создавање на подетална претстава за историските личности и настани и побудување на интерес за купување на книгите
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија  и општина Битола во рамки на програмата БИТФЕСТ 2017.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер