English French German Macedonian

Нови наслови

Погледот на Делфика - Мирон Динков

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

За прославата „Еден милениум од Римската држава“, сите патишта водеа кон Рим. Реки од луѓе доаѓаа во престолнината за да ја одбележат и прослават силата на Римското царство. И двајцата беа родени од љубов, во времето кога владееше омразата и неправдата меѓу луѓето. Додека на запад од империјата, Евтропие и Јустина конечно ја допреа среќата со раѓањето на нивниот долгоочекуван син – на истокот, во заборавените предели на империјата, се роди зракот на светлина во ќерката на Арам и Иоана.

Читај повеќе: Погледот на Делфика - Мирон Динков

 

Снеговите на љубовта (Книга втора) - Нермин Безмен

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Снеговите на љубовта - Сеит и Мурка ( Може ли новата љубов да ги победи спомените?) - Книга втора

Од време на време Сеит повторно води боемски живот. Се забавува со убави жени, пие вотка. Отвора луксузни ресторани со музика и танчарки во Пера – срцето на Истанбул, како и во летувалишта на островите и бреговите на Мраморно Море. Читателот ќе дознае за што разговарал таму со турскиот претседател и војсководец Ататурк, додека на подиумот деца, врвни танчари, изведуваат казашки танци…

Читај повеќе: Снеговите на љубовта (Книга втора) - Нермин Безмен

   

Снеговите на љубовта (Книга прва) - Нермин Безмен

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Снеговите на љубовта - Сеит и Мурка ( Може ли новата љубов да ги победи спомените?) - Книга прва

На бродот за Париз, заедно со Шура замина и минатото на Курт Сеит, сите соништа што никогаш нема да се остварат и татковината во која веќе не ќе може да се врати, фамилијата и пријателите што веќе никогаш нема да ги види. Иако и натаму го следат спомените на бурната љубов, Сеит запловува во брачните води со младата Мурка и сега за таа детинеста, срамежлива, ама и љубоморна жена го поврзуваат длабоки чувства.

Читај повеќе: Снеговите на љубовта (Книга прва) - Нермин Безмен

 

Некој ми го знае името - Лоренс Хил

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбите за да го сочува својот живот. А и што им преостанува на црнците качени на овој ужасен брод. Среде океан далеку од својот дом. Откако пристигнаа на копното, Амината ја продадоа на друг газда. Се раздели од момчето од соседното село со кое ги делеа нечовечните мигови на бродот. Ама и не е така важно. Она што сега е значајно е успешно да му служи на белиот Американец што сега ја поседува.

Читај повеќе: Некој ми го знае името - Лоренс Хил

   

Бруклин - Колм Тојбин

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Елис Лејси не може да најде добра работа во Ирска. Свештеникот Флуд ѝ нуди одлични можности за работа преку Атлантикот, во Големото јаболко. Во Бруклин. Елис не може без семејството и пријателите, ама сепак тргнува во потрага по подобар живот. Се качува на прекуокенаскиот брод за да заплови во водите на животот. Таа вредно работи и учи во Америка, во ветената земја, ама носталгијата постојано расте. Еден ден го запознава Италијанецот Тони и тие се вљубуваат. Елис е пред ново искушение и мора да избере меѓу љубовта и родното место.

Читај повеќе: Бруклин - Колм Тојбин

 

Пансионот Мирамар - Нагиб Махфуз

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Гостите во пансионот Мирамар во градот Александрија, се натпреваруваат кој ќе го освои вниманието на младата служителка Зехра. Таа е преубава селанка што го напушти семејството со цел да го избегне договорениот брак со старец. Таа е во фокусот на конфликтите и љубомората помеѓу гостите во Мирамар, каде што во екот на египетската револуција престојуваат новинари, трговци, високи државни службеници, радикали, либерали, аристократи…

Читај повеќе: Пансионот Мирамар - Нагиб Махфуз

   

Страница 5 од 39

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер