English French German Macedonian

Нови наслови

Криј се - Лиса Гарднер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ИМАШ ДОБРА ПРИЧИНА ДА СЕ ПЛАШИШ…

Постои еден случај кој го прогонува детективот Боби Доџ до ден денес, случај кој за малку ќе го убиел, случај кој му го променил животот засекогаш. Сега, во подземна одаја на тлото на напуштена психијатриска болница во Масачусетс, полицијата открива ужасно скривалиште на шест трупови, мумифицирани, кои го оживуваат неговиот најлош кошмар: враќањето на убиецот кој Боби го смета за одамна мртов и закопан.

Читај повеќе: Криј се - Лиса Гарднер

 

Трагајќи по неа - Лиса Гарднер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Пред седум години, безгрижната студентка Флора Дејн ја киднапираат за време на пролетниот распуст. И цели 472 дена, Флора постепено открива колку всушност и што сè може да издржи една личност. Жива со помош на некое чудо по сето тоа, Флора ги поминува последните пет години привикнувајќи се повторно на ритамот на нормалниот живот и работи со нејзиниот специјалист за жртви од ФБИ.

Читај повеќе: Трагајќи по неа - Лиса Гарднер

   

Совршеното дете - Лусинда Бери

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома. Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат.

Читај повеќе: Совршеното дете - Лусинда Бери

 

Девојка од мал град - Лиса Клејпас

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Таа е девојка од мал град… Либерти Џоунс има соништа и одлучност што ќе ја одведат далеку од Велком, Тексас… ако успее да престане да одлучува со лудото срце наместо со разумот. Харди Кејтс гледа на неа како на забрането овошје. Неговите животни амбиции се далеку поголеми од Велком, а Либерти Џоунс е само непотребна дистракција. Но има нешто магично и моќно што ги влече еден кон друг, некоја опасна привлечност што е посилна од нив двајца. Тој е единствениот маж што таа не може да го има…

Читај повеќе: Девојка од мал град - Лиса Клејпас

   

Врати ме назад - Б.А.Парис

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Фин и Лејла се млади, заљубени, и на одмор. Тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане на одмориште покрај патот за да отиде до тоалет. Тој излегува од колата, ја заклучува и влегува во тоалетот. Но кога се враќа, Лејла ја нема – и никој никогаш веќе не ја гледа. Тоа е приказната што Фин им ја кажува на полицајците. Но тоа не е целата приказна… Десет години подоцна, Фин е свршен со сестрата на Лејла – Елен. Заедничката болка и тага за она што се случило со Лејла ги зближила и тие планираат да останат заедно. Но, кај Елен има нешто што Фин никогаш не успева целосно да го разбере.

Читај повеќе: Врати ме назад - Б.А.Парис

 

Погледот на Делфика - Мирон Динков

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

За прославата „Еден милениум од Римската држава“, сите патишта водеа кон Рим. Реки од луѓе доаѓаа во престолнината за да ја одбележат и прослават силата на Римското царство. И двајцата беа родени од љубов, во времето кога владееше омразата и неправдата меѓу луѓето. Додека на запад од империјата, Евтропие и Јустина конечно ја допреа среќата со раѓањето на нивниот долгоочекуван син – на истокот, во заборавените предели на империјата, се роди зракот на светлина во ќерката на Арам и Иоана.

Читај повеќе: Погледот на Делфика - Мирон Динков

   

Страница 1 од 36

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер