English French German Macedonian

Нови наслови

Црвената сестра Мери - Џулија Петеркин

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Црвената сестра Мери е роман од 1928 година, чиј автор, Џулија Петеркин, е добитник на Пулицеровата награда за литература. Дејството на романот се случува во Јужна Каролина, на почетокот на дваесеттиот век. Главниот лик, Мери, е сираче кое пораснало на плантажата на тетка Хана и нејзиниот куц син, бато Бен. Описот „Црвената сестра“ се однесува на главниот конфликт во романот во кој Мери е растргната помеѓу желбата да има добра репутација во својата црковна заедница и желбата да живее живот исполнет со грев и задоволства....

 

Музиката на тишината - Андреа Бочели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Не мора да сте оперски љубител за да ги цените прекрасно напишаните мемоари од светски познатиот тенор Андреа Бочели. Роден меѓу лозјата во Тоскана, Бочели сеуште бил бебе кога развил глауком. Музиката која се филтрираше во неговата соба го смири несигурното дете. На возраст од дванаесет години тој беше сосема слеп, но неговата страст кон музиката донесе светлина во неговиот живот.
Овде Бочели ја открива болката од неговото слепило и трансцедентното искуство во пеењето.

Читај повеќе: Музиката на тишината - Андреа Бочели

   

Реконструкција - Викторие Ханишова

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Мајка го убива својот четиригодишен син и се самоубива, без да остави проштално писмо ниту какво било објаснување на трагичниот настан. По смртта на братчето и мајката, Елишка расне со десетгодишна празнина наместо детство. Нејзиниот живот се распаѓа на два дела: едниот го живее деветгодишното девојче во нормалното четиричлено семејство, а другиот го живее студентката Елишка, која одлучува да го расветли кобниот настан.

Читај повеќе: Реконструкција - Викторие Ханишова

 

Печуркарката - Викторие Ханишова

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои потоа ги продава во една кафеана. Не се зближува со никого и не го напушта својот печуркарски реон. Само одвреме-навреме оди кај својот психијатар за да ја потврди својата урамнотежена душевна состојба. Затоа и веста за смртта на мајка ѝ не го менува нејзиниот живот. Оди на погребот, се среќава со двајцата браќа, од кои одамна се отуѓила, и пак се враќа в шума.

Читај повеќе: Печуркарката - Викторие Ханишова

   

Тивки години - Алена Морнштајнова

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Богдана е затворена девојка која живее со својот студен татко и со добродушната Бјела. Измачена е од напнатоста што владее во нивниот дом и од тајната што не престанува да ѝ се мота низ главата: Зошто нејзината тешко болна баба за време на последната посета ѝ се обрати со „Бланка“? Дознајте зошто романот Тивки години е најпродаваниот роман во Чешка во 2019 година.

 

Непобедливата седумка - Мартин Фарнер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Оваа книга се чита онака како што самиот автор, преку зборовите на нараторот, го опишува качувањето по карпи. Те привлекува првата приказна, па се зачитуваш. Тогаш сѐ уште мислиш дека можеш да ја оставиш книгава кога и да посакаш. Продолжуваш, па во следниот миг кога „ќе погледнеш удолу, веќе не можеш да се вратиш“, не можеш да ја оставиш.

Читај повеќе: Непобедливата седумка - Мартин Фарнер

   

Страница 1 од 51

Сподели на Facebook