English French German Macedonian

Препорака на библиотекарот

Немате време за читање?

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Немате време за читање?
Вие сте тоа што го читате.
Информациите што ги внесувате во Вашиот ум го обликуваат Вашето размислување и влијаат на начинот на животни одлуки кои ги донесувате, работата што ја креирате и интеракциите што ги имате со околината.
Намалете го бесцелното пребарување, бесмислените вести и објавите на социјалните мрежи. Додадете неколку класици, прочитајте добра книга и научете од луѓе што размислуваат длабоко.
(“Кажи ми што читаш и ќе ти кажам кој си„- Зат Рана)
Колку пати сме ја изговориле оваа реченица. И на крајот сме си поверувале дека во денот што е пред нас нема место за книга.
Средствата за масовна комуникација го направија своето, се повеќе бесцелно ги пребаруваме само насловите на текстовите со  бескрајно прегледување на слики од некои други луѓе. Иако “една слика чини илјада зборови„  дали тоа во буквална смисла ќе значи дека во иднина нашиот мозок  ќе го трансформираме во пасивен прегледувач на содржини со голема веројатност дека ќе заборавиме концентрирано да читаме.
Затоа, независно дали имате голем или мал бизнис, дали Вашите секојдневни обврски кон семејството, пријателите и на работа се во постојан подем,  Ви препорачуваме да одвоите квалитетно време само за Вас, па макар да е тоа и 30-тина минути во денот.
Книгата ќе Ви ја врати насмевката на лицето, ќе Ве релаксира и забавува, со неа понекогаш ќе тагувате и доживеете интензивни чувства, но никогаш нема да Ве изневери.
Затоа влезете во еден друг свет и создадете навика постојано да се надградувате и растете во духовна и пред се човечка смисла. 
Секој читател си има своја книга. Затоа ве охрабруваме и Ви предлагаме да не посетите за да Ви ја одбереме токму „Вашата“ книга.
Подготви
м-р Јелена Петровска, библиотекар советник



 

Разговори со Бога

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Замислете да можете на Бога да му ги поставите најмистериозните прашања и претпоставете дека Бог ви дал разбирливи и јасни одговори. Тоа му се случило на Нил Доналд Волш. А може да ви се случи и вам. Подгответе се за еден необичен разговор што ќе ви го смени животот!

Во еден тежок период од својот живот, Волш напишал луто писмо до Бога, прашувајќи го зошто животот му е неуспешен на сите полиња. И потоа слушнал глас: „Дали навистина сакаш одговор на сите овие прашања?“ Волш почувствувал дека одговорите му проблеснуваат во свеста и одлучил да ги запише. Дијалогот што следувал е книгата што ја држите в раце.

Таа дава одговори на прашањата што сите ние си ги поставуваме: за животот и љубовта, меѓучовечките односи, доброто и злото, вината и гревот, простувањето и спасението, рајот и пеколот... Отворено зборува за моќта, парите, сексот, децата, бракот, разводот, здравјето, животното дело, иднината, минатото, сегашноста... Ги истражува војната и мирот, земањето и давањето, видливото и невидливото, вистината и лагата, конкретното и апстрактното...

Понекогаш се појавува книга чија длабока мудрост од корен ќе ве смени. Разговори со Бога од Нил Доналд Волш е токму таква книга. Ќе ви помогне да се сетите кои сте навистина, зошто сте тука и која е повозвишената цел на животот. Ќе ви овозможи длабоко духовно будење и ќе го означи почетокот на едно посебно патување за духовен развој и проширување на свеста.

 

Највлијателни 100 личности во уметноста во 2017 година

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Според годишниот избор на магазинот „ArtReview“, германската уметница и теоретичарка Хито Штејерл (Hito Steyerl), позната по жестоките политички ставови и интересот за преиспитувањето на односите на моќ во светот на уметноста е прогласена за највлијателна личност на глобалната уметничка сцена во 2017 година.

Списокот на 100 највлијателни личности во светот на уметноста што магазинот „ArtReview“ го објавува 16-та година по ред ги покажува новите трендови и јакнењето на позициите и моќта на мислителите, теоретичарите, како и на уметниците и кураторите кои се ангажирани во промислувањето на стварноста и истражувањето на радикалните политички идеи. Од друга страна пак, некои од досегашните големи ѕвезди на светската уметничка сцена се изоставени или паднале многу подолу на списокот, па така Марина Абрамовиќ од минатогодишното 46 -то место, годинава завршила на 89 -то место.

„Уметноста е моќна или во најмала рака е конструкт на различни сили, кои не се секогаш позитивни. Тоа е нешто што Штејерл го препознава. Се најде на врвот на списокот заради континуираните обиди да ги наруши односите на моќ“, наведува „ArtReview“, на чијшто список на највлијателните првпат се најде жена.

Повеќе информации на:

http://www.kultura.mk/2018/01/najvlijatelni-100-lichnosti-vo-umetnosta-vo-2017-godina/

   

Елиф Шафак, новиот автор на „Библиотека на иднината“

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Малкумина слушнале за проектот „Библиотека на иднината“, кој е започнат од страна на уметникот со шкотски корени Кејти Патерсон - која се јавува како автор на овој проект и всушност во рамките на исиот секоја година се избира по еден автор кој се согласува неговото дело (напишано специјално за овој проект) да биде објавено по дури сто години.

Колку и да звучи ова неверојатно, сепак проектот започна во летото - 2014 година и беше поддржан од локалната самоуправа на градот Осло (Норвешка), каде и всушност се засадија дрвата од кои што ќе бидат отпечатени на хартија делата на овие автори.

Избраниот автор за 2017 година, Елиф Шафак изјави дека е почестена што ќе им се придружи на Атвуд, Мичел и Сјон во проектот „Библиотека на иднината“. „Се работи за мошне необичен проект, покренат од срце и по многу размислувања – има толку многу верба во него“, изјави таа. „Целата оваа идеја за пишување книга која, се надевам, ќе биде прочитана во иднина за мене е како сега да напишам писмо и да го пуштам по некоја река. Не знаете каде ќе отплови и кој ќе го прочита – вие само верувате во текот на времето“.

По Маргарет Атвуд, Дејвид Мичел (авторот на „Атлас на облаците“) и Сјон (исландски текстописец, поет и романсиер, автор на „Сината лисица“), Шафак е четвртиот автор чие дело ќе биде отпечатено по 97 години. Дотогаш дрвјата насадени за оваа цел во шумата близу Осло ќе бидат доволно пораснати за да бидат исечени и од нив да се направи хартијата на која ќе бидат отпечатени делата кои сега се во ракопис. Дотогаш тие ќе бидат чувани во сеф и никој нема да ја знае нивната содржина.

Доколку сакате да се запознаете со творештвото на Елиф Шафак, во нашата библитоека можете да ги најдете следните наслови: „Чиракот на архитектот “, „Чест“, „Четириесет правила на љубовта : книга за Руми“ и „Копилето од Истанбул“.

 

Леонард Коен

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Канадскиот музичар, текстописец, поет, новелист и сликар, Леоанрд Коен остави зад себе трага во уметноста како ретко кој сеопфатен талент пред него. Како и во другите уметности тој беше врвен и во литературата.

Збирката на песни „Пламенот“ (The Flame), која ја комплетира неколку дена пред неговата смрт, ќе биде објавена во октомври, 2018 година. Коен почина неколку недели по објавувањето на неговиот последен музички албум „You want it darker“, а ќе биде запомнат во светот на литературата по неколку збирки на песни, меѓу кои и неговото првенче Let Us Compare Mythologies, како и Flowers for Hitler. Исто така, напишал и два романи од кои романот „Прекрасни губитници“ (Beautifull Loosers) стана класик на канадската анти-култура.

Во нашата Библиотека ги имаме следните негови книги: Книга на милосрдието (кратка проза) и Омилената игра (роман).

 

Подготвил: Александар Крстев (Оддел за информации)

   

Страница 1 од 2

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер