Најавување

English French German Macedonian

Најчитани наслови

„Жената во кафезот“ - Јуси Адлер Оасен

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Жената во кафезот“ од еден од најценетите скандинавски автори на трилер-романи, данскиот писател Јуси Адлер-Олсен. Романот се искачил на првото место на сите топ-листи уште веднаш по објавувањето и се задржал на врвот на бестселери цела година, а според него е снимен и филм. Преводот на македонски е на Лара Крстева-Ичокаева.
Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање...

Читај повеќе: „Жената во кафезот“ - Јуси Адлер Оасен

 

„Сеќавање на љубовта“ - Амината Форна

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Едријан Локхарт е психолог што бега од својот живот во Англија и доаѓа во Сиера Леоне, каде што почнува граѓанска војна. Тука мора да се бори со жештината, со нечистотијата, со правта, како и со тајните што ги крие оваа загадочна земја.
Сеќавање на љубовта е впечатлива книга за обичните луѓе во невообичаени околности, врвно реализирана и убаво напишана, стравотна и пријатна, непоколеблива и нежна, трогателна и инспиративна. Тоа е книга за четири животи што се преплетуваат; книга за пријателството, разбирањето, простувањето и за неизбришливите ефекти на минатото; за патувањата, соништата, загубата и за самата природа на љубовта. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

   

„Најубавите љубовни писма на сите времиња“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ова е другото лице на историјата. Тука освојувачите со оружје, со збор или хармонизирани ноти, независно, се плен на потребата за двојно скротување, за нежност, попрецизно – за љубов, односно, да бидеме доследни докрај – за љубовниот копнеж исцеден во интимно интонирани писма што му се противставуваат
 на времето во јуриш.
Прочитајте ги похотливите воздишки, развигорените чувства
 и срцевите изблици на луѓето кои им да е важност на историските отсечки од нивното време, поаѓајќи од скокотливиот Волтер, мистериозниот Бетовен, па правдољубивата Мери Волстонкрафт и актерката Жулиет Друе, но и други  имиња

 

"Убиство во капали чаршија“ - Есра Туркекул

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Берна, дебела и депресивна жена што работи како туристички водич, со таблети за смирување се обидува да ги преброди кризите... Мртво тело во Капали чаршија е пронајдено во чудна положба... Едно момче со хендикеп е главен осомничен... Навидум, нема мотив да го изврши убиството, па нашата невротична хероина, која дотогаш не покажувала афинитет да стане детектив, се вклучува кон истрагата за убиството... Покрај тоа, посакува осомничениот да биде невин само поради тоа што е хендикепиран. Влечкајќи се по намуртениот и студен инспектор Фатих, таа ги оценува осомничените.

   

„Апартман во Париз“ - Гијом Мисо

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во Париз се наоѓа едно ателје, скриено во дното на улицата обрасната со зеленило, премногу совршено за помеѓу своите ѕидови да не крие некоја тајна.
Мадлин го изнајмува за да ужива во самотијата и да пронајде малку мир после љубовната криза и серијата нерешени случаи.
После едно недоразбирање, на оваа млада лондонска полицајка ѝ се придружува Гаспар, писател и мизантроп, што допатувал во Париз за да пишува во тишина. Така сега овие две осамени и немирни души принудени се неколку дена да живеат под ист покрив.
Ателјето му припаѓало на славниот сликар Шон Лоренц и сѐ уште зрачи со неговата страст кон боите и игрите со светлината.

Читај повеќе: „Апартман во Париз“ - Гијом Мисо

 

„Робинката“ - Кетрин Лим

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Овој извонреден роман ја раскажува емотивната приказна за четиригодишната Хан, најмалата ќерка во едно сиромашно семејство. Продадена како робинка во Куќата на Ву, таа брзо формира цврста врска со младиот наследник, но идилата на приврзаноста набрзина се претвора во кошмар, кога Хан станува тинејџерка – прекрасна, горда и вљубена во младиот господар. Нејзиниот живот се претвора во борба против силите на традицијата и тиранијата во еден свет во кој сладострасните машки роднини ги користат робинките за неселективно задоволство.

Читај повеќе: „Робинката“ - Кетрин Лим

   

Страница 1 од 3

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер