English French German Macedonian

Настани

Предавања 17.11.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ТРИБИНА НА ТЕМА:
“БАЛКАНСКАТА САГА”

Француската Аијанса од Битола го покани Господинот Луан Старова за една конференција која се одржа на 17 Ноември 2008 година, во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот на тема: “Балканската сага” и приемот на неговата последна книга во Франција насловена Во потрага по Елен Лебовитз.
Балканската сага на господинот Старова (десет тома) е преведена на повеќе јазици и европската литературна критика ги става неговите дела помеѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш. Старова е член на МАНУ. Тој имаше универзитетска и дипломатска кариера. Тој беше првиот Амбасадор на Република Македонија во Франција.
 

Предавања 23.05.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ТРКАЛЕЗНА МАСА
Следниот ден (петок) во 12 часот во роднокрајната читална беше организирана Тркалезна маса со роднокрајните битолски писатели од Македонија на тема  “Главниот лик - проекција на авторовата визија”.
   

Предавања 03.10.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ПРЕДАВАЊЕ НА АКАДЕМИК  ВИКТОР ФРИДМАН
По повод годината на одбележувањето на македонскиот јазик 2008, во салата за промоции на Библиотеката на ден 3.10.2008 година, со почеток во 12 часот во организација на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола се одржа Промоција на академик Виктор Фридман по повод наградата “Духовен воин” што му ја доделува Меѓународната асоцијација “Македонски духовни конаци”. Промотор беше проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а наградата му ја врачи поетесата Светлана Христова Јоциќ, Претседател на споменатата Меѓународна асоцијација.
   

Страница 232 од 251

Сподели на Facebook