English French German Macedonian

Настани

Работилница на тема „Значењето на книгата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Со цел да се нагласи важноста на книгата НУУБ Св Климент Охридски на ден 10-ти јули 2013 година, организира работилница на тема „Значењето на книгата“. На работилницата зедоа учество 10 стручни работници , чии трудови се однесуваа на книгата, незјините почетоци, како да се заштитат и се она што е поврзано со книгите. Книгите претставуваат основна храна на човечкиот ум и разум.
Со цел да се нагласи важноста на книгата во рамките на битолското културно лето НУУБ Св Климент Охридски организира работилница на тема „Значењето на книгата“. Десет научни и стручни работници зедоа учество со свои трудови, видувања и сугестии. „Почетоците на првите печатени книги во Македонија“, „Нови светови“, „итањето како потребна активност на човекот“, „Непресушен извор кој го напојува човештвото“, , „Некои аспекти на функциите во 21 век “, „Едно поразлично читателско искуство“, „Изработка на методологија за избор на лектири за основно образование“, „Значењето на книгата“, „Презервација ма заштита на старите книги“ и „Книгата дно нема“, се насловите на трудовите на кои учесниците имаа можност да дискутираат и да ги споделат своите сугестии. И покрај тоа што интернетот е присутен скоро во сите сегменти на животот , сепак книгата се уште го зазема првото место . Од досегашното искуство вработените во битолската библиотека бележат голема читаност на книгите од оваа институција кај сите возрасти.

 

Денови на европската култура во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со оглед на кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во ЕУ, значајно е нашите граѓани да бидат запознати со културното богатство на земјите членки. За таа цел, матичната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски ги организира деновите на европската култура во Битола во рамките на БИТФЕСТ 2013 година. .

Читај повеќе: Денови на европската култура во Битола

   

Детските очи гледаат во Хераклеја

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Нов начин на презентирање на македонската историја и традиција пред најмалата популација на 8-ми јули 2013 година беше презентиран во рамките на овогодинешниот Битфест. Хераклеја, како историска дестинација, со сите свои карактеристики им беше презентирана на децата.Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ преку едукативниот проект „Детските очи гледаат во Хераклеја“ се обиде до најмладата детска популација од претшколска и школска возраст, да ја доближи македонската историја, претставувајќи дел од античкиот локалитет Хераклеја.

Читај повеќе: Детските очи гледаат во Хераклеја

   

Страница 184 од 251

Сподели на Facebook