English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Зошто читањето денес е толку многу важно

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Читај... и никогаш нема да бидеш сам!

Повеќе од кога било, во време кога голем број на училишта ширум светот се затворени, а луѓето се ограничуваат своето време да го поминуваат надвор, моќта на книгите треба да се користи за борба против изолацијата, засилување на врските меѓу луѓето, проширување на нашите хоризонти,  стимулирање на нашите умови и креативност.

Во текот на месец април и цела година, клучно е да одвоите време да читате самостојно или со вашите деца. Време е да се слави важноста на читањето, да се потикне што поголем број на деца читатели и да се промовира доживотна љубов кон литературата и влучување во светот на работно ангажирање.

Преку читање и одбележување на Светскиот ден на книгата и авторските права, 23 април, можеме да се отвориме кон другите,  и покрај далечината можеме да патуваме благодарение на имагинацијата. Од 1 до 23 април, УНЕСКО споделува цитати, песни и пораки за симболизирање на моќта на книгите и охрабрување на читањето колку што е можно повеќе. Создавајќи чувство за заедница преку споделеното читање и споделеното знаење, читателите ширум светот можат да се поврзат и меѓусебно да помогнат во спречување на осаменоста.

Во вакви околности, ги покануваме студентите, наставниците, читателите од целиот свет, како и книжната индустрија да сведочат и да ја изразат својата љубов кон читањето. Ве охрабруваме да ја споделите оваа позитивна порака со другите преку #StayAtHome и #WorldBookDay.

Исто така, постојат материјали што ќе можете да ги користите за да ги вклучите сите заедници на читатели, поединци и институции. Без разлика дали сакате да ги отпечатите или ставите на wall (sидови), да ги споделите на социјалните медиуми или да ги објавите на вашата веб-страна, тоа многу помага!

Колку повеќе луѓе ќе достигнеме, толку на повеќе луѓе може да им помогнеме!

Извор:

https://en.unesco.org/commemorations/worldbookday

 

Подготвила Јелена Петровска

 

23-ти април Светски ден на книгата и авторските права

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во далечна 1995 година, УНЕСКО го прогласи 23-ти април Светски ден на книгата и авторските права, овој датум има уште едно посебно значење за Каталонија. Тоа е ден на  Свети Ѓорѓи  (Sant Jordi) ден на љубовта и литературата што се прославува во Барцелона и низ Каталонија преку иницијативата Книги и рози. Оваа глобално призната иницијатива што обединува книги, рози и љубов се пренесе  надвор од границите на Каталонија со преку 150 активности кои  се одржуваат секоја година во повеќе од 50 земји.

Како знак на благодарност, луѓето разменуваат книги и рози, а корените на оваа специфична прослава доаѓаат од мешавина на историски традиции. Од една страна, Св. Ѓорѓи е заштитник на Каталонија уште од 15 век, а од другата страна, тој се потпира на познатата легенда на Свети Ѓорѓи и змејот (витез го победува  змејот, кој ги тероризираше селото и принцезата, а откако го убил змејот, Свети Ѓорѓи и ја дава на принцезата една прекрасна црвена роза) и старата средновековна традиција на посета на капелата Sant Jordi (Св. Ѓорѓи) во Palacio de la Generalitat во Барселона, каде порано се одржуваше саемот со рози или „саемот на љубовниците“. Затоа Св. Ѓорѓи (Sant Jordi) е исто така заштитник на Каталонија.

На тој ден во Каталонија се продаваат дури 1,5 милиони книги и над 6 милиони рози, а обичајот го шират и библиотеките ширум светот.

Иако годинешното славење на литературата ќе биде далеку од библиотеките и книжарниците, тоа нема да го намали значењето на овој значаен и признат датум ширум светот, како и пораките за значењето на читање кои ги споделуваме со Вас почитувани наши читатели.

Порака од УНЕСКО

Порака од Р Северна Македонија

   

Известување за читателите!!!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани,

Додека трае вонредната состојба НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола нема да работи.

Согласно усвоените дополнителни заклучоци, мерки и препораки од Нацрт - записникот од Шеснаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија бр.44-2147/3 одржана на ден 11.03.2020 година (предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести), точка 12 каде стои да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија.

Одлуката стапува во сила веднаш.

За престанокот на оваа одлука дополнително ќе бидете известени согласно состојбата и препораките.

   

Страница 2 од 249

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер