English French German Macedonian

Настани

„Мојот мајчин јазик“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со поддршка од УНЕСКО, на 21 февруари секоја година се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со цел да се прослават повеќе од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес.
Библиотеката ги повикува  сите заинтересирани лица заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
На сите јазици може да читате  песни  или кратки раскази. (Ве молиме да можете да обезбедиме и превод на македонски јазик)
Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од настанот на 21 февруари 2020 година, да испратат e-mail на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   со назнака -   Меѓународен ден на мајчиниот јазик, најдоцна до 19 февруари.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму преку совладувањето на јазикот кој се говори дома, односно мајчиниот јазик, децата учат да читаат и пишуваат, а потоа ги надградуваат и сите останати знаења.
Јазиците кои се зборуваат во една земја, а особено јазиците на малцинствата, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина.

 

Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“. На иницијатива на негователката Гзиме Коминовска од градинката „Снегулка“ продолжуваме да читаме книги на нашите најмили и најмлади читатели во градинките. Секоја недела на сите групи ќе им прочитаме книги. Во соработка со градинката „Естреја Овадија Мара“ и директорката Лидија Тфирст Митреска се договоривме и за активности во градинката „Пролет“, за што им благодариме за интересот и вклученоста во проектот. Истовремено и ја промовираме акцијата за бесплатно членство на сите деца од 0-6 години.

Читај повеќе: Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“

   

„Да им читаме на децата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Еден од најпознатите цитати на Ајнштајн е: „Ако сакате Вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате тие да бидат уште поинтелигентни, прочитајте им повеќе од нив “.
НУУБ „Св.Климент Охридски„ – Битола започнува да го реализира новиот проект „Да им читаме на децата“.
Од понеделник секој ден од 11 до 13 часот започнуваме да им читаме бајки на децата, во детската читална.
Треба само да ги донесете Вашите деца без мобилни телефони!!
Нема ограничување на возраст
Книгите се нешто волшебно. Тие им овозможуваат на децата да откријат нови светови, да запознаваат нови работи и да учат за минатото, но исто така имаат и преобразувачка моќ.

Читај повеќе: „Да им читаме на децата“

   

Страница 10 од 251

Сподели на Facebook