English French German Macedonian

Настани

Читањето треба да биде забава! Lesen soll spass Machen!“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

 

На 07. 05 .2021 година НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола, во соработка со наставничката по германски јазик Билјана Митковска од О.О. У.„Елпида Караманди“ – Битола, успешно започна со промоција на наслови на книги и сликовници кои се на германски јазик, како дел од проектот:

„Читањето треба да биде забава! Lesen soll spass Machen!“

Учество зедоа учениците од 4 и 5 одделение, кои преку онлајн презентација имаа можност да се запознаат во кратки црти со работата на нашата библиотека и со фондот на книги со кои таа располага. Овие ученици го изучуваат германскиот јазик од прво одделение, со што веќе се описменети за читање.

Оваа соработка е предвидено да се одвива во повеќе фази.

Во првата работилница учениците имаа можност од 15 наслови на сликовници наменети за нивната возраст да изберат  по еден наслов  на книга, која тие би сакале да ја прочитаат. За следната фаза, тие самите треба да ја осмислат  и нацртаат насловна страница според насловот на книгата кој го имаат одбрано, за потоа да можат да направат споредба.

Ученици од 4 одд. :Михаил Стефановски, Димитар Анастасовски, Петар Јошевски, Ноела Нечкоска, Меланија Паневска, Јана Талевска.

Ученици од 5 одд.: Јован Стојков, Ана Стојкоска, Јана Ристова, Ива Наневска, Фунда Демир, Хелена Микаровски, Ана Јоновска, Јана Василевска, Ана Каревска, Изабела Илиева.

Па, со среќа на сите ученици!

 

„ Читаме на глас, бидејќи читањето е забава!“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 29.04.2021 година во НУУБ „ Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа последната четврта онлајн работилница. Во оваа работилница, учениците од 4 одделение од ООУ „ Елпида Караманди“ под менторство на наставничката Џенет Тасковска, ни прочитаа 12 прекрасни кратки раскази.

На наше огромно задоволство на оваа работилница присуствуваше и нивната наставничка Александра Величковска, која имаше можност да ги слушни своите ученици како читаат на англиски јазик.

 

Сакаме да изразиме голема благодарност до наставничката Џенет Тасковска за остварената соработка и на учениците кои зедоа учество во оваа работилница:  Филип Митковски, Сара Самарџиска, Сара Кочовска, Меланија Паневска

Матеа Чупона, Лазар Ѓоршевски, Миа Поповска, Ева Панџовска, Ева Агелеска, Димитри Гиовис, Викторија Лазаревиќ и Виктор Јошевски.

   

КАКО ГО ПРОСЛАВИВМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Книгата е сон што може да го држите во рака “ (Нил Гејман)

Библиотекарите во цел свет во пресрет на Светскиот ден на книгата и авторското право подготвуваат иновативни, креативни и забавни содржини за сите љубители на книгата. Оваа година во специфични услови сме принудени нашите активности да бидат виртуелни, но сепак енергијата и љубовта која што ја чувствуваме со секоја нова содржина наменета на Вас драги наши пријатели на книгата има за цел да ве потсети дека со книгата никогаш не сте сами.
Ова се само дел од содржините кои што и понатаму ќе ги објавуваме на нашата web страна и социјалните мрежи, а со нетрпение ги очекуваме и вашите следни постови и предлози.
Тимот на библиотеката ве поканува квалитетно да го пополните слободното време дружејќи се со библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Охридски“.
Ве покануваме да дојдете да си изберете омилена книга и да учествувате во нашите виртуелни активности и дружења.  
СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook
Видео на Бисера Петровска Аргиновски: NUUB Facebook Video

   

Страница 7 од 280

Сподели на Facebook