Најавување

English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Библиотеката донира книги во битолскиот затвор

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Јелена Петровска ја прифати иницијативата на директорот на КПУ Затвор Битола Драган Крајовски за спроведување на мерките за подобрување на условите и програмите за рехабилитација на осудените лица.

На работната средба која се одржа на ден 10.01.2018 година (среда) во 10 часот во просториите на КПУ Затвор - Битола беа донирани 70 книги од дупликати, подарени книги и книги за размена. Директорите на двете институции потпишаа меморандум за соработка, а беа договорени и следните активности поврзани со можности за библиотечниот простор, позајмување на книги, учество во програмите за ресоцијализација, предавања, библиотерапија, описменување и информациска писменост како и други активности кои се наменети во тој тип на установи.

На тој начин библиотеката уште еднаш ги следи препораките на IFLA во рамките на спроведување на Агенда 2030 за одржлив развој од Обединетите нации, особено во делот на промовирање на мирољубиви и инклузивни општества каде библиотеките имаат активно влијание.

 

ВОЛОНТЕРСТВОТО КАКО ПРЕДИЗВИК И ПОЗИТИВЕН ИМПУЛС ВО БИБЛИОТЕЧНОТО РАБОТЕЊЕ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на своите заложби библиотеката активно да се вклучи во креирање на културните и образовните политики во градот,  во идниот период широко ќе ги отвори вратите за волонтирање на лица вљубеници во книгата и креирање на иновативните библиотечни програми.
НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола потпиша меморандум за разбирање со Мировен Корпус со канцеларија во Скопје. Програмата со волонтери е дел од Договорот на Владата на Р. Македонија и  Мировен корпус, кој  се темели врз програмите за развој на заедницата.
Мировен корпус е агенција за волонтерска служба на Владата на САД основана од страна на Претседателот Џон Ф. Кенеди во 1961 година.

Читај повеќе: ВОЛОНТЕРСТВОТО КАКО ПРЕДИЗВИК И ПОЗИТИВЕН ИМПУЛС ВО БИБЛИОТЕЧНОТО РАБОТЕЊЕ

   

Промовиран прирачникот „Боите на животот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ОУ  „Св. Климент Охридски“ -  Битола во соработка со партнерите НЦРИПУ- Битола и Здружението за развој на Ромската заедница „Сумнал“ -  Битола го добија микро грантот за проектот Боите на животот од Академијата на училишта од средна Европа АЦЕС.
Преку истиот се спроведоа низа активности меѓу кои и отворањето на човечката библиотека каде книги се личности од општественото живеење.

На ден  22.12.2017 година во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола (роднокрајна сала)  беше одржана завршната активност - тркалезна маса на тема „Човечката библиотека во функција на намалување на социјалната инклузија кај учениците од основните училишта“, каде и ќе биде презентиран истоимениот прирачник. Издавач на прирачникот е НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола. На следниот линк следат фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156139878758679

   

Страница 1 од 159

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер