English French German Macedonian

Нови наслови

„Капетан Конан“ - Роже Версел

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Дејството на "Капетан Конан" се случува за време на Првата светска војна на балканските простори, непосредно по објавувањето на примирјето од 1918 година. Елитната единица доброволци, под команда на поручник а потоа и капетан Конан, во тој момент се наоѓа на Дунав во Романија каде што е пратена како поддршка, но во услови на намалена воена активност. Тоа е можност војниците да му се вратат на цивилниот живот, но и на воените судови.

Читај повеќе: „Капетан Конан“ - Роже Версел

 

„Како да заборавиш жена“ - Дан Лунгу

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Еден обичен ден Анди се враќа од работа и гледа дека Марга го напуштила по едногодишна врска. Ненадејното заминување на девојката го носи во неочекувани места и состојби. Андреја, Луана, Марга, Бјанка, сите тие се претвораат во една жена, која треба да ја заборави...

   

„Јаре за пет пари“ - Григориј Канович

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Еден од најтоплите книжевни обиди да се овековечи вечниот однос меѓу родителите и децата. Каменорезецот Ефраим би направил буквално сè за да ги заштити своите четири деца, кои веќе се возрасни луѓе. Сè почнува од моментот кога на старецот му соопштуваат дека на едниот син му се заканува смртна казна поради обидот да убие висок државен политичар.

Читај повеќе: „Јаре за пет пари“ - Григориј Канович

 

„Изумот на Морел“ - Адолфо Биој Касарес“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Ова ремек-дело Борхес го стави рамо до рамо со Процес на Кафка и со Свртување на завртката на Хенри Џејмс. Му се воодушевувале Хулио Кортесар и Габриел Гарсија Маркес, а им послужил како модел на Алан Ресне и на Алан Роб-Грие за еден од најпознатите француски филмови, Минатата година во Маријенбад, со што ја смениле историјата на филмот.

Читај повеќе: „Изумот на Морел“ - Адолфо Биој Касарес“

   

„Девојката што го спаси кралот на Шведска“ - Јонас Јонасон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кралот и премиерот на Шведска исчезнуваат на 14-ти јуни во 2007 година за време на гала-банкет. Останатиот дел од приказната се сели во Јужна Африка во ’60-тите години на минатиот век. Малата Номбеко Мајеки води живот во кој започнува како чистачка, а потоа неочекувано станува дел од најголемите тајни воени проекти.
Таа станува мета на Јужноафриканската Република и на најопасната тајна служба во светот истовремено. Како ќе се поврзат двете приказни останува да откриете со читањето на ова возбудливо комично четиво.

 

„Троглодитни тинејџери“ - Емануела Пагано

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Емануела Пагано едноставно и нежно раскажува една исклучителна животна приказна. Храбар роман, поетски и возбудлив, роман кој ја враќа надежта. Адела е главниот лик во романот, која е родена во тело на маж, но подоцна се подведува на операција за промена на полот. Во близина на нејзиното гратче има две езера.

Читај повеќе: „Троглодитни тинејџери“ - Емануела Пагано

   

Страница 1 од 8

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер