Најавување

English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Свечено одбележан Патриот празник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод одбележувањето на Патрониот празник,  НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола организираше свечена програма која  се одржа на ден 07.12.2017 година (четврток) во салата за промоции на библиотеката.
Во програмскиот дел  настапи Културно - уметничкото друштво,  хорот  „Стив Наумов“ – Битола под диригенство на Љубомир Трифуновски.
Воведен збор имаше м-р Јелена Петровска, в.д. директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола. Денес нашата библиотека го прославува својот Патрон. Св.Климент Охридски, нашиот учител, просветител, писател, инспиратор. Ние сме среќни бидејќи го величаме неговото дело. Денес ќе имаме можност да ги проследиме неговите дела поврзани со нашето писмо, Манифестација „Моќта на буквите“, ќе имаме и пригодна изложба, изјави Јелена Петровска в.д директор на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола.

На настанот присутна беше градоначалникот на Општина Битола.
Во оваа институција се сместени илјадници изданија, илјадници страници во кои што се кријат мноштво информации кои што едноставно му пружаат информации на младите генерации а и на сите луѓе, можност да ги прошират своите знаења, видици и богатство. Затоа би им препорачала што почесто да бидат во оваа институција и во нејзините простории, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Предавање и видео презентација со наслов „Моќта на буквите“  одржа м-р Александар Гулевски.
Исто така, беа претставени изданија на Библиотеката и тоа:
-    „Библиографија на магистерски трудови и докторски дисертации одбранети на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола 1991 – 2016 година“, составена од библиотекар советник Јоланда Бошевска(библиотекар советник) и Гордана Пешевска(виш библиотекар).
-    Зборникот на излагања од 12-та Роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија и
-    Списанието „Библиотечен тренд“ бр.44 
Во рамките на одбележувањето на Патронатот, во  холот на библотеката беше поставена изложба на книги – Свети Климент Охридски, Од Бога даруван – Пастир и учител.

 

„Недела на човекови права“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада, Националната установа  Универзитетската библиотека  „Св.Климент Охридски“ – Битола и правниот факултет Кичево по повод денот на човековите права  организираа работилници за ученици од основните училишта од Битола.
Целта на работилниците e запознавање со човековите права,  но и да се подигне нивната свест за правото на живеење во здрава средина, право на чист воздух како и сочувување и почитување на природата. Исто така како еден од човековите права  беше  застапен и правото на не-дискриминација.
Работилниците се одвиваа на ден 11.12.2017 година ( понеделник)  во Универзитетската библиотека Св.„Климент Охридски“ – Битола.
Од денеска до крајот на неделата, во холот на библиотеката  поставена  е ликовна изложба  од ликовниот натпревар на тема  „Право на живеење во здрава средина “и „не-дискриминација“.

   

Денови на човекови права

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

   

Страница 1 од 157

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер