Настани

Тефтерчиња со мисла за книгата и читањето

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
На ден 20.10.2021 година се одржа втората работилница во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола во која учество зедоа учениците од четврта година графичка струка, графички техничари под менторство на професорките Весна Мундишевска-Велјановска и Катерина Спасовска-Маурдева.
При посетата на библиотеката учениците има можност да се запознаат со работата на секторите во библиотеката, а воедно да видат и како течи процесот на реставрација на книги, која им ја покажа библиотекарски помошник Јулијана Христовска-Кулевска од заштита и репрографија на книгата.
Потоа учениците започнаа со втората фаза од работилницата во која извршија опшивање и режење на тефтерчињата.
Преку оваа работилница учениците имаа можност да учат, да се забавуваат, но воедно да видат дека нивната струка е доста побарувана на пазарот на трудот.
За реализација на овие соработки директорот на СОУ„Таки Даскало“-Битола Добре Босилковски и директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола Бојан Стефановски потпишаа меморандум за соработка.
Подготвил м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски
Повеќе погледнете на следиот линк
 

Ден исполнет со хумористични приказни

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Учениците од III-а и III- г одделение од ООУ „Стив Наумов“ - Битола со наставниците Даниел Митревски и Весна Котевска на 21.10.2021 година ја посетија НУУБ„Св.Климент Охридски“-Битола, во рамки  од кампањата „Да  читаме на глас“.
Библиотекарката Ирена Колевска на учениците им прочита една многу интересна приказна, извадок од книгата „Итар Пејо“ од Стале Попов.
Македонската литература претставува безвременска ризница која има автори со кои растат генерации и генерации на ученици. Овие ученици уживаа во итроштините на Итар Пејо, а потоа сите заедно цртавме и се забавувавме.

Повеќе фотографии од овој настан, на следниот линк: НУУБ Facebook

   

Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На наше големо задоволство овој пат со нас на кафе беше младата, амбициозна и полна со елан за работа Биљана Тодоровска.
Биљана Тодоровска е писателка чиј пишан збор допира до сечие срце, вешт драматург кој зад себе остава многу дела. Од дипломиран информатичар, до магистер по Драматургија.
Животот е предизвик за секој, па и за неа. Секоја препрека што и ја поставува, Биљана знае вешто да ја премини и истата да го преточи во море од зборови. Таа е жив доказ дека средбата со некои луѓе не е случајност, туку тие се пресврт во нашиот живот. Во нејзиниот живот пресврт прави Јордан Плевнеш, кој ја води да заплови во водите на драматургијата.
Кога ја запрашавме од кога почна да пишува таа ни одговори :„Првиот обид ми беше со помош на мајка ми. Напишав песничка која беше објавена во училишниот весник „Ученички збор на ОУ„Даме Груев“-Битола. Од мојата 15-та година веќе започнав да пишувам повеќе песни и дел од нив се и објавени во мојата книга.“

Читај повеќе: Кафе и книги со наши локални писатели

   

Страница 10 од 303

Сподели на Facebook