Настани

Изложба по повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, во холот на Библиотеката е поставена изложба на книги.
На 4 Ноември 1944 година, борците од 49-тата дивизија на НОВ победоносно марширале низ Битола откако го ослободиле градот од преостанатата германска војска. По капитулацијата на нивните сојузници, во Битола и околината останале само Германците кои не можеле да издржат под налетот на македонските борци во чии редови влегувале Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред и Леринско-костурската бригада. Преку селата Крклино и Могила од една и Кравари, Бистрица и Породин од друга, македонските борци им нанеле тешки загуби на Германците кои се разбегале кон Грција и Албанија по што утрото на 4 ноември биле поздравени низ улиците на ослободениот град. Околу 270 борци ги положиле животите за слободата на Битола.
Националната установа - Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола на сите наши сограѓани, им го честита празникот 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.

 

Општински натпревар „Млади библиотекари“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ е организиран од НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, и се одржа на ден 29.10.2021 година.
На Општинскиот натпревар  зедоа учество ученици од основните  училишта од Битола и еден ученик од училиштето во Могила со вкупно девет претставници.

Според утврдените правила за овој натпревар на 21. Републики натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 06.05.2022 г., ќе учествува ученикот кој ќе освои освои најмногу бодови на Општинскиот натпревар, а тоа е:

Анамарија Ристевска, 9 одд. од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола со освоени 81 бод.

Второто место и припадна на Лина Чашитовска, 9 одд. од ОУ „Стив Наумов“ Битола, со 78 освоени бода.

Трето место - Лина Христовска, 9 одд. ОУ „Гоце Делчев“ Битола, со освоени 73 бода.

 

Другите учесници беа:

Јована Ѓоргиевска, 9 одд. ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола
Дарко Петковски, 8 одд. - ОУ „Елпида Караманди“ - Битола
Ангела Колтоска, 9 одд. ОУ „ Гоце Делчев“ - Могила
Христина Гоцевска, 9 одд. - ОУ „Коле Канински“ -  Битола
Стефан Ристевски, 8 одд. - ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола
Симона Николовска, 9 одд. ОУ „Даме Груев“ - Битола.

Наградените учесници за учеството добија подарок енциклопедии и благодарници, додека другите учесници благодарници.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

   

Забавата продолжува со учениците од ООУ „Стив Наумов“- Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Забавата продолжува.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржаа две работилници со учениците од V-в и V-г одделение, од ООУ „Стив Наумов“- Битола. Учениците заедно со своите наставнички Билјана Палашовска и Весна Стојановска имаа можност да ги слушнат прекрасните Македонски народни приказни „Самоилова невеста“ и „Пиралката невеста - Самоилова“, кои им ги прочита библиотекарот Јасминка Кочевска
Во вториот дел од работилницата, учениците ги набоија цртежите инспирирани од приказните кои претходно ги слушнаа и одлично се забавуваа.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Страница 7 од 303

Сподели на Facebook