Настани

Одбележување на 4 Ноември со учениците од ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Учениците од трето - 2 одд. од основното училиште "Ѓорѓи Сугарев"- Битола на достоинствен начин, соодветен на нивната  возраста, го одбележаа 4 Ноември - Денот на ослободувањето на град Битола. Тие ја развеселија нашата установа со изработка на постер со стихови од песната "Битола,мој роден крај". Строфа по строфа ја откриваа содржината и ја пееја со нескриена емоција.

Беше убаво да се слуша" Битола, мој роден крај, за тебе пеам од срце знај" испеана од нежните детски гласови. На крајот наставничката Наташа Тодоровска им приреди изненадување со интерактивен квиз за тоа - Колку го познаваме градот Битола. Учениците се натпреваруваа и откриваа интересни факти за градот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

Игравме и се забавувавме со учениците од II-В одд. од ООУ „Даме Груев“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ден исполнет со игра и забава.
Секоја средба наш нов предизвик.

Учениците од II-в од ООУ„Даме Груев“ - Битола со својата наставничка Гордана Јанкуловска, денес ја посетија НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

По прекрасната прошетка низ библиотеката, на учениците им беше прочитана сликовницата „Темница“. Оваа сликовница им ја прочита библиотекарот Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, со која на крај играа „Ден-ноќ“.
Оваа игра бара физичка активност но и голема концентрација во исто време.
Овие прекрасни дечиња ги испративме со еден скромен поклон од нашата библиотека и ги поканивме на повторна средба.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

   

Волшебна ноќ во Библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во НУУБ имаме волшебна ,,НОЌ НА ТАЈНИТЕ" заедно со ,,Книга на тајните" и ,,Магични стапчиња и шарени лижавчиња". Започнавме со игра од областа на личниот и социјалниот развој од ,,Книга на тајните", а продолживме со читање бајка со примена на метод на клучни зборови.

Дечињата открија и како се раѓаат приказните, а потоа креираа приказни според сон, со понудени наслови и со играчки ставени во кутии.
Решававме лавиринти, баравме скриени предмети, украсувавме лампиони со илустрации од бајката со двата неумни снешковци и креиравме ликови со цртање на прстиња. Патувавме и назад низ историјата и дознавме кој го измисли првиот Снешко. Ноќната авантура заврши со прошетка до музејската поставка на библиотеката. Децата уживаа во прекрасната ноќ благодарение на наставничката Весела Богдановиќ.
Волшебната ноќ беше во рамки на проектот на стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time... и одбележување на Меѓународниот ден на ромскиoт јазик. Проектот е финансиран од програмата Еразмус плус.
Честитки до сите наши граѓани Роми по повод Меѓународниот ден на ромскиoт јазик. Bahtalo e Sumnaleskoro dive bashi romani chib. Happy International Roma Language Day.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

   

Страница 5 од 303

Сподели на Facebook