English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

115 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ 1903-2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 115 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ 1903-2018, во холот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, поставена е тематска изложба на книги. Изложбата ја подготви виш библиотекар Илче Стојановски. На следниот лин следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156736477893679

 

Магичен свет на бајките

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

За време на последната работилница учесниците имаа прилика да откријат повеќе техники за забавно читање, разбирање и анализа на прочитани приказни и книги.
Работилницата започна со презентација на идеи за фокусирање и воочување на важни елементи на едно книжевно дело. На дечињата им беа понудени преку 20 книги и сликовници за избор и обид за игрива анализа, заедно со материјал и средства за обликување, моделирање, цртање и пишување.
Книгите „Алиса во земјата на чудата “ и „ Малата сирена“ им открија еден нов свет, светот на виртуелната и аугментираната реалност. Младите читатели имаа прилика да одат на виртуелна прошетка заедно со ликовите на двете најомилени приказни. Овој спој на класично читање и виртулена реалност им се допадна во целост и покажа на кој начин можеме да направиме мудар спој на класичното и совеменото. Работилните се дел од БИТ ФЕСТ 2018. Во прилог следат фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156703722038679

   

Одржан слем-натпревар КРЕИРАЈ-СЛЕМИРАЈ!

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

На ден  23.07.2018 година, во просториите на НУУБ  „Св. Климент Охридски“ –Битола, се одржа  натпревар за слем – поезија во рамки на проектот Креирај- Слемирај!
На натпреварот зедоа учество околу десетина учесници кои активно учествуваа во претходните три работилници за слем поезија.
Учесниците имаа можност да го претстават своето авторско дело преку слем изведба пред многубројната публика која со интерес го проследи целиот настан.

Читај повеќе: Одржан слем-натпревар КРЕИРАЈ-СЛЕМИРАЈ!

   

Страница 1 од 190

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер