Настани

Библиотеката домаќин на Еразмус проекти

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, минатата недела беше домаќин на партнерските состаноци од стратешкото партнерство "РомАБЦ оди напред - понатамошно развивање на иновативни методи за борба против функционалната неписменост кај Ромите и други групи со помали можности во Европа" и на проектот "Грижа за здравјето на Ромите 2".

Чест ни е беше да бидеме домаќини на партнерите од Германија, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција, средба на кој присуствуваа општини и невладини организации од наведените земји.
Присутните гости изразија благодарност  до  директорот м-р Бојан Стефановски за гостопримството и поддршката на активностите.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

Онлајн конференција “Виртуелни интернационални конекции“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 22.11.2021 година се одржа онлајн конференцијата „Виртуелни интернационални конекции : Глобална програма за размена на библиотекари“ (Virtual International connections : The Global Librarian Exchange Program) организирана од АЛА-Тркалезна маса за меѓународни односи и Универзитетската библиотека од Мичиген, САД.

На оваа меѓународна конференција учество зедоа м-р Фатма Бајрам Аземовска - виш библиотекар и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски - библиотекар од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.
Нашите библиотекари имаа можност да ја претстават својата библиотека и својата земја, помеѓу библиотеките од целиот свет, и да бидат дел од програмата која е планирана за 2022 година.

Оваа програма нуди можност за размена на искуства помеѓу библиотекарите од целиот свет, искуства поврзани со работењето во разни сектори од библиотеките.
На конференцијата беа споделени искуства и заклучоци од овогодинешната размена на библиотекарите, по што сите учесници имаа право да поставуваат прашања на кои одговор даваа организаторите. Иако временските разлики беа огромни, конференцијата се одвиваше со огромна заинтересираност од учесниците.

   

Одбележување на 20 Ноември - Светскиот ден на детето

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.
По тој повод, НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола го одбележа 20 Ноември - Светскиот ден на детето, преку онлајн работилница со учениците од III-4 од ОУ„Тодор Ангелевски“ - Битола под менторство на наставничката Драгана Шерденков.

Учениците ни подготвија и прочитаа нивни авторски песнички посветени на детето, а истите ги збогатија со прекрасни цртежи на кои доминираа децата, виножитото и срцето. Кога ги запрашавме што им  симболизира срцето, тие сите одговорија дека тоа им симболизира другарство и љубов кон другите деца. Дека сакаат да другаруваат и нивното другарство ништо да не може да го спречи.

Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

   

Страница 3 од 303

Сподели на Facebook