English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 19.02.2020 година во рамки на проектот „ Да им читаме на децата“  на наше огромно задоволство повторно ги посетивме децата од градинката „Снегулка“. 
Во две средни групи беа реализирани две активности.
Во првата активност на децата од страна на библиотекарката им беше прочитана прекрасната бајка „ Црвенкапа„ од Браќа Грим, по што на истата тема можеа да ги набојат Црвенкапа и волкот.

Читај повеќе: Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“

 

Семинар за работа со деца со проблеми во учењето (родители, наставници, сите заинтересирани)

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Библиотеката во своите програми за излегување во пресрет на граѓаните за актуелни потреби на заедницата, со Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје организира Семинар за обучување на наставници за работа со ученици кои имаат проблем со дислексија.
Семинарот е наменет за сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат обучени за работа со деца кои имаат тешкотии во учењето. Тоа се пред се родители, наставници, воспитувачи, и други заинтересирани лица.

Читај повеќе: Семинар за работа со деца со проблеми во учењето (родители, наставници, сите заинтересирани)

   

„Мојот мајчин јазик“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со поддршка од УНЕСКО, на 21 февруари секоја година се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со цел да се прослават повеќе од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес.
Библиотеката ги повикува  сите заинтересирани лица заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
На сите јазици може да читате  песни  или кратки раскази. (Ве молиме да можете да обезбедиме и превод на македонски јазик)
Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од настанот на 21 февруари 2020 година, да испратат e-mail на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   со назнака -   Меѓународен ден на мајчиниот јазик, најдоцна до 19 февруари.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму преку совладувањето на јазикот кој се говори дома, односно мајчиниот јазик, децата учат да читаат и пишуваат, а потоа ги надградуваат и сите останати знаења.
Јазиците кои се зборуваат во една земја, а особено јазиците на малцинствата, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина.

   

Страница 2 од 244

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер