Настани

Посета на учениците од I-б одделение во ООУ„ Елпида Караманди“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

МЕСЕЦ ОКТОМВРИ Е МЕСЕЦ НА КНИГАТА

По тој повод библиотекари од  НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола ги посетија учениците од Прво-б одделение  од ООУ„Елпида Караманди“- Битола и нивната наставничка Гордана Марковска -Угриновска.

Учениците имаа можност да ја слушнат прекрасната бајка „Девојчето и дванаесетте месеци„ од книгата „Бајки од Македонија“ која им ја прочита библиотекарот Гордана Ѓоргиевска-Неделковски. Оваа бајка праќа силна порака за силината на зборовите кои ги испраќаме кон другите.
„Убавиот збор железни врати отвора“
Затоа, уште од најмали нозе треба да ги применуваме убавите зборови, а истовремено да ги избегнуваме лошите.
Повеќе фотографии за овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

 

Посета на учениците од 4 одделение од ООУ“ Стив Наумов“- Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Да им читаме на глас“
По повод Месецот на книгата - Месец Октомври, во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола на ден 26.10.2021 година се одржаа 2 читања на кои присуствуваа учениците од две четврти одделенија од ОУ„ Стив Наумов “- Битола со нивните наставнички Наташа Костовска IV a и Гордана Трифуновска IV б одделение. Работилниците ги водеше библиотекарот Јасминка Кочевска.
Во почетокот се разговараше за значењето на пишаниот збор, за нивната заинтересираност кон пишаниот збор и дали некој од нив веќе е член во нашата библиотека, кои книги и јунаци им се омилени. Овој пат учениците имаа можност да го слушнат расказот „Необичен ѕидар“ од македонскиот писател Ванчо Николевски, од неговото дело Раскази.
Во текот на читањето со учениците разговаравме на многу прашања поврзани со содржината на текстот, но и со случки од нивниот живот поврзани со содржината на расказот.
За крај извлековме заедничка поука дека Занаетот е златна белегзија која се изучува полека со време, а не со итрина како што беше случајот со настанот во самиот расказ.

Повеќе од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

   

Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола овој пат на кафе беше со Весна Трајковска. Весна е професорка по македонски јазик и литература во СОУ „Таки Даскало“- Битола, прекрасна  жена која што е пример дека никогаш не е доцна да се преточат мислите во пишани зборови.

Таа ни раскажа една многу интересна приказна од својот живот. Весна е ќерка на познатиот писател Цане Здравковски, кој што зад себе остави премногу дела, но од друга страна и голема празнина во животите на своите деца. Весна ни раскажа: „Татко ми целото свое слободно време го поминуваше творејќи.

Ретко го гледавме, бидејќи постојано беше затворен во својот кабинет каде што секогаш работеше на некое ново дело. Во неговите последни мигови  ми остави аманет дека морам да почнам да пишувам.“
Животот секогаш знае да нѐ изненади со своите пресврти. Секој миг може да донесе нешто што ќе ни го смени животниот правец во сосема друга насока.  Весна ни кажа : „Една вечер бев повлечена од некоја универзумска сила, со мисла дека морам  да ги запишам сознанијата до кои што доаѓав долги години претходно. Седнав и почнав да пишувам. Тоа беше на 11.11. 2017 година. Овој датум ќе ми го промени животот”.
Овие запишани мисли го создадоа нејзиниот прв роман „Души близнаци 11: 11 “, промовиран точно после една година на 11.11. 2018 година. Овој роман стана бестселер во Македонија и е продаден во илјадници примероци. Секоја случајност не е случајна.
После овој пресврт веќе нема застанување. Весна Трајковска оваа година на 14 .2.2021, на денот на љубовта и виното, го промовира романот „12Д“(12 димензии на свесност) .Тоа е роман продолжение на претходниот, но овој пат е опишана близначката љубов низ универзумот на различни планети и во различни димензии на свесност.
За овие два романи, Весна ги добива наградите „Роман на годината” за книгата „Души близнаци 11 :11 “ и „Роман на деценијата“ за  романот „12 Д“ од фондацијата „Такец“. Романите се преведени и на српски и на англиски јазик и веќе се продаваат низ балканските земји, со што Весна го афирмира македонското творештво и надвор од нашите граници.
Кога ја замоливме да им испрати порака на нашите верни читатели, Весна низ насмевка ни рече:„ Да читаат. Без читање сите сме празни во душата. Понекогаш е доволно само една прочитана мисла да го промени на подобро животот на читателот“.
Не се сомневаме дека многу наши верни читатели веќе ги имаат прочитано нејзините романи, но  на оние коишто сѐ уште ги немаат, топло им ги препорачуваме.

   

Страница 9 од 303

Сподели на Facebook