English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Дете што чита е возрасен што мисли!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 24.02.2020 година, над 100 ученици од ОУ „Стив Наумов“ - Битола ја посетија НУУБ „ Св. Климент Охридски“ - Битола со нивните наставнички Анжелика Петковска, Снежана Димтровска, Весна Стојановска и Билјана Палашовска. Учениците и наставничките имаа можност ос страна на библиотекарите да се запознаат со историјата на библиотеката, нејзината дејност и да слушнат како правилно се чита. Библиотекарите им прочитаа извадоци од лектирата за трето одделение „Шеќерното дете“, а потоа од учениците беше побарано да го насликаат истото. Љубопитните дечиња ги исполнија ходниците на библиотеката и на наше огромно заемно задоволство поминавме неколку часа. Секогаш имајте на ум дека читањето создава слободномислечки луѓе. На следниот линк следат повеќе фотографи: https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158234457438679&__xts__%5B0%5D=68.ARDbJcFlBnnemhcKjbSqvWnsakOMoN6PFNpP1ecsf7UXDNXHYaW3Qo9ncL_PIU_iMCCFuP46ye-sViW_Nps3K62Bq0UjXNd5W8caqoPXiuIsAh9--AgHWgYxUZMnXmflO8Vbs8FmdUMiM840SQSBZ7ufmuAaZfsAX7UZLKJ7u9IRp6C5omIEU7U89O_xjhBMUMy5uD4GhN2gwUFvge7bA345yLWEGkHgVnrKNb_VL6TtYIMwSVV_UL3LNOwOjjtfmX0ikAEJgNKuFp7eI_cqQT-SccksYR-P0amP5kaLwXWccbpsBW0rjq2uERV00iFpzWK6r1T-u_1Wl9CwX4q56cFlT_1G7bw-WEU-XpkTqq5hNMdNhW2O-gcixRGoSVPnKFPRItunqXXgrvsVgYpeTF04Q-P9PVpjdRJ9wb5zoA1MMlZ2z74R3d6xdVPp8yCn69Lcf3c&__tn__=-UC-R&ref=page_internal

 

Одбележување на денот на мајчиниот јазик

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамки на одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик 21.02.2020 како втора активност беше посетата на децата од големата група при градинката „Снегулка“ - Битола. Децата од оваа група имаа можност од страна на библиотекарката Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски да видат како изгледа 3Д сликовница и воедно да ја слушнат приказната за „Јовче и дрвото грав“. Голема благодарност до директорката Лидија Тфирст Митревска од градинката „Естреја Овадија Мара“ - Битола, негователките Гзиме Коминовска, Силвана Ристевска и воспитувачката Лилјана Петровска кои повторно не примија во нивната група.

Ги повикуваме сите заинтересирани градинки, приватни детски градинки и центри за ран детски развој да не контактираат за активности - бидете и вие дел од магичните приказни. На следниот линк следат повеќе фотографи:https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158234027138679&__tn__=-UC-R

 

 

   

21 февруари - Меѓународен ден на мајчиниот јазик

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола со низа настани го обележа 21 февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. На ден 21 февруари 2020 година, учениците под менторство на наставниците читаа поетски творби на македонски, албански, ромски, турски, влашки, англиски и француски јазик. На почетокот на настанот директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски го истакна значењето од зборувањето и творењето на мајчиниот јазик. Потоа на учениците и менторите им подели благодарници за нивното учество. Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

Читај повеќе: 21 февруари - Меѓународен ден на мајчиниот јазик

   

Страница 5 од 249

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер