Настани

Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола овој пат на кафе беше со нашата писателка Елизабета Јончиќ. Таа е прекрасен соговорник кој секој збор го кажува со огромна скромност и самокритичност. Иако е родена во Прилеп, животот и работата ја носат во Битола. Сопруга, мајка на два прекрасни студенти, неуморен медицински работник и секако прекрасен писател се зборови кои накратко ја опишуваат.

Елизабета Јончиќ е автор на седум книги, автор на повеќе научни трудови, член на „Друштвото на писатели на Македонија“, на „Македонското научно друштво – Битола, а во моментов е  претседател на Друштвото на писатели „Битолскиот книжевен круг“ - Битола.

Секогаш на почетокот на средбата, сакаме да дознаеме кога и како таа почнала да пишува, се со цел подобро да ја запознаеме. Елизабета за своите почетоци ни раскажа една многу интересна приказна која кажува колку еден наставник може да препознае афинитети кај еден ученик. Таа ни раскажа: „Бев второ одделение, кога наставничката ни даде писмена работа по македонски јазик. Задачата беше да напишеме кратка песна за мајката. Јас од толкава возбуда толку го стегав моливот што одвај беше разбирлив ракописот. Кога ни ги даваше писмените назад, таа се насмеа и рече дека некој се трудел да биде поет, но јас не верував дека тоа се однесува на мене. Но, откога добив пофални зборови почнав повеќе да пишувам. Често учествував со мои творби на литературните конкурси, а имам добиено и награди. Една ми е посебно драга што ја добив тука во Битола на „Младински братски средби“. Тогаш добив II место на тема „Другарството е посилно од челик“.“

До сега Елизабета има објавено 5 книги  поезија, една книга со книжевна критика и една пиеса за деца. Таа исто така ни кажа дека покрај пишувањето книги, пишува и критики за поезија и проза. Нејзина прва книга е „Гола кожа и одблесок“, но кога ја запрашавме од сите нејзини книги да ни каже која и е најомилена таа ни кажа дека тоа е „Срце за сонце“, нејзината последна книга, која само што излезе во продажба. За оваа книга таа ни кажа:„ Оваа книга ми е многу драга, бидејќи зборува за светлината на луѓето, за сонцето во луѓето, за внатрешната борба на духот, за одбирот помеѓу доброто и злото, за луѓето како сонце, за очите сонце...

Секој разговор со писател течи толку брзо, и секогаш има уште многу што да се каже, но ние овој разговор го привршивме посакувајќи ѝ уште многу успеси, а таа не испрати со моќна порака до нашите верни читатели:„Да ги сакаме книгите. Спрема нив да се однесуваме со љубов и радост. Нивните патеки содржат бесконечни извори и избори од нови димензии и неоткриени можности што треба да се освојуваат.. Да го чуваат сонцето во срцето и да се радуваат на животот, да ги читаат македонските автори и да веруваат во моќта на својот исконски јазик.“

Повеќе фотографии од средбата на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

 

Работилница со учениците од СОУ „Таки Даскало“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во просториите на СОУ „Таки Даскало“-Битола се одржа втората работилница во која учениците од II и IV година графичка струка, ги направија завршните работи со обележувачите за книги и картичките со поезија од писателот Блаже Конески. Со што се заврши еден целокупен процес на нивна подготовка.
По повод 100 годишнината од раѓањето на писателот Блаже Конески, НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола продолжува да реализира низа активности во наредниот период.
Едно големо благодарам до учениците и до менторите Весна- Мундишевска Велјановски и Катерина Спасовска- Маурдева за соработката и за прекрасно изработените обележувачи и картички.
Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Обележувачи за книги и картички со поезија од Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 100 годишнината од раѓањето на писателот Блаже Конески, НУУБ„ Св.Климент Охридски“ - Битола ќе реализира низа активности.
Овој месец нашата библиотека ја реализира првата работилница со учениците од II и IV година - графичка струка од СОУ„Таки Даскало“-Битола, во која учениците скоро цел месец работеа на изработка на обележувачи за книги и картички со поезија од писателот Блаже Коневски.
Секоја изработка е уникатна, а секоја творба внимателно избрана од учениците да одговара со изработката. Овие ученици уште еднаш покажаа голема заинтересираност и со огромна љубов и внимание ги изработија обележувачите и картичките, заедно со своите ментори Весна-Мундишевска Велјановски и Катерина Спасовска-Маурдева.

Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

   

Страница 1 од 303

Сподели на Facebook