English French German Macedonian

Читањето треба да биде забава!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
Пред неколку недели на учениците од VI одделение од ООУ „Елпида Караманди“ - Битола, им беше дадена листа на наслови од книги наменети за нивната возраст. Тие имаа задача да изберат еден наслов на книга, чија корица ќе ја дизајнираат. Целта беше тие самите да ја осмислат и нацртаат насловна страница според насловот на книгата кој го имаат одбрано, а потоа да можат да направат споредба со оргиналната корица.
На оваа задача тие се покажаа дека можат да бидат многу добри илустратори на насловни страни на книги. А за тоа можете и сами да се уверите.
На 31.3.2021 година НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, во соработка со наставничката по македонски јазик Маја Јанакиевска од ООУ „Елпида Караманди“ - Битола, преку онлајн работилница им беше поставена и втората задача. Учениците можат да ја изнајмат книгата чија корица ја дизајнираа и со истата да направат и да ни испратат интересно селфи.
Читањето треба да биде забава!
А ние најдобрите ученици ќе ги наградиме!
Сподели на Facebook