English French German Macedonian

„Да читаме на глас!“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 16.02.2021 година како дел од кампањата „Да читаме на глас!“, библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, ги посетија учениците од III одделение од О.У. „ Елпида Караманди“- Битола.  При посетата беа запазени сите мерки за заштита.

Методот на гласно читање игра важна улога во правилното разбирање на она што го читаме. Ова е многу важно особено кај учениците кои сега го изучуваат читањето, се со цел да се подобри начинот на кој што читаат. Нашите библиотекари преку извадоци од две книги, лектирите „Доктор Офболи“ и “Шеќерната приказна“ им овозможија на овие ученици да слушнат како правилно се чита и истото да го применуваат. Во пријатна атмосфера со голема внимателност и изразена заинтересираност од страна на учениците беше спроведено читањето.

Голема благодарност до директорката на О.У. „ Елпида Караманди“- Битола, Татјана Дамчевска и до наставниците кои најсрдечно не примија: Дијана Станковска, Јасмина Танчевска, Емилија Спировска и Иле Јовановски за спроведената активност.

Сподели на Facebook