English French German Macedonian

Читањето треба да биде забава! Lesen soll spass Machen!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Читањето треба да биде забава!

Lesen soll spass Machen!

На 15.02.2020 година НУУБ „ Св.Климент Охридски“- Битола, во соработка со наставничката по германски јазик Марина Атанасовска од О.У.„ Коле Канински“ – Битола, ја спроведе првата фаза од работилницата. Во оваа фаза учениците ја завршија првата задача и  нацртаа насловна страна на книгата на германски јазик која претходно ја одбраа, базирајќи се само на насловот кој им беше понуден.

На големо задоволство, нивните насловни страни во поголемиот број случаеви беше многу сличен со оргиналната корица на книгата. А за тоа можете и сами да се уверите од следниве фотографии.

За следната фаза учениците веќе почнаа да ја читаат книгата која ја избраа. А за тоа да ни го потврдат, тие ќе ни испратат Selfie со својата книга.

А ние, најкреативните ученици од сите фази ќе ги наградиме за нивниот труд и креативност.

Па, со среќа на сите ученици!

Сподели на Facebook