English French German Macedonian

Нови иновативни програми, Направи Selfie со твојата омилена книга

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола Ве поканува да учествувате во креирањето на нови иновативни програми наменети овој пат за сите наши читатели. Секој читател е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга.

Каков читател сте Вие? Кое е вашето омилено место за читање или дел од денот кога најмногу поминувате време читајќи?

За тоа како изгледа едно ваше дружење со книгата која сега ја читате, ние Ве покануваме да ни испратите интересна фотографија.

„ Испратете ни фотографија од дружењето со вашата омилена книга “

Фотографиите можете да ни ги испраќате на следнава email адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најуспешните фотографии ќе бидат објавени на нашите социјални мрежи, а како подарок ќе добијат и бесплатно едногодишно членство во нашата библиотека.

Ве очекуваме!

Сподели на Facebook