Последно освежено на Понеделник, 07 Декември 2020 11:55 Објавено од Слободан Пачовски Четврток, 03 Декември 2020 20:16
По повод одбележувањето на патрониот празник, а воедно и 75 години раст и развој на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во холот на библиотеката поставена е изложба „Нашите 75 години“ на која претставени се неколку одделни поставки.
- Монографски изданија за Св. Климент Охридски, како и изданија на Библиотеката во овие плодни 75 години раст и развој
- Публикации на Библиотеката кои се издадени во 2020 година
- Најновите книги во детскиот оддел
- Фотографии од вработените кои дале свој придонес, Библиотеката да биде она што е денес.
- Збирката разгледници
Богатата и разновидна дејност на Библиотеката ќе биде поставена од 4 до 11 декември 2020 година.
Ве покануваме да ја посетите за достојно да го одбележиме патронот и 75-те години плодна и активна дејност што библиотеката ја има во збогатувањето на културниот живот на нашиот град.
Повеќе фотографии на следниот линк: Изложба