English French German Macedonian

ТРЕТО ДОБА - НОВИ БИБЛИОТЕЧНИ ПРОГРАМИ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Според пописот од 2001 година во повеќето европски земји, бројот на населението постаро од 65 години од вкупното население достигна ниво од 15,7 проценти. Трендот на забрзано стареење на населението доведе до зголемен интерес за позицијата на оваа популација во општеството и се дел од програмите на современо фокусирани библиотеки кои спроведуваат насочени програми за оваа популација.
Како дел од специјализираните програми НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, следејќи ги препораките на ИФЛА (International Federation of Library Association) и Агенда 2030 за влијанието на библиотеките во сфера на општествено делување и менување на заедницата ги воведуваме активностите кои се дел од Проектот Трето доба – информациски програми наменете за 65+, кој е поддржан од Министерство за култура на РепубликаСеверна Македонија.

Предвидени се повеќе активности како што се: клубови за сениори, работилници, обуки за информациска писменост, тематски изложби и заеднички средби за креирање на нови програми.
Проектот ќе биде реализиран во соработка со Здружение на пензионери од Битола со кои е организирана и првата средба со претседателот Томе Димитровски и претседателот на Собрание на Здружението Крсте Белевски каде се договорени идните активности, вклучувајќи го и анкетното истражување за потреби и очекувања на оваа возраст за поголемо вклучување на програмите на библиотеката.
Иако името на проектот гласи 65 плус, со цел полесно да се идентификува возрасната група за која е наменета, програмите им се обраќаат на лицата кои сами се класифицираат како членови на трето доба, затоа што „дефинирање на возраста не е само прашање на нечија хронолошка возраст и функционални способности, тоа е воедно и однос помеѓу квалитетот на живеење на една личност, нејзиниот систем на животни вредности и карактеристики на околината во која живее“.
Подготви
м-р Јелена Петровска- програмски раководител

 

 

Сподели на Facebook