English French German Macedonian

ХОРТИКУЛТУРНО – НУУБ „Св. Климент Охридски учесник во смотра на хортикултурни библиотеки во регионот (21.05.2020.г.)

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Љубов кон цвеќе и поезија е патот што не води во цветна иднина.

Следејќи ги иновативните и креативни програми во регионот и светот НУУБ „Св. Климент Охридски“ пред три години стана дел од мрежата на хортикултурни библиотеки. Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, како и промовирање на литература од истата област, со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеката и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори. На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградба на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота. Покрај размената на информации и искуства, хортикултурна мрежа на библиотеки од целиот регион ќе биде еден вид „огласна табла“ и „временски распоред“ на редовни и повремени настани врзани со цвет и книга.

Хортикултурни библиотеки се дело на авторскиот тим на основачите на Интернет-клубот - Мирко С. Марковиќ (независен библиотекарен советник) и Драган Р. Саиќ, инж.  кои го  изработија проектот и програмата на „Хорикултурни библиотеки“ .

Домаќин на Третиот национален фестивал на хортикултурни библиотеки и  Вториот регионален фестивал на градинарски библиотеки е библиотеката „Љубиша Р. Ѓениќ ("Љубиша Р.Ђенић") од Чајетина, а со видео учество  се придружија библиотеките од Србија,  Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија (Битола и Радовиш). Настанот ќе се одржи на Златибор, во Чајетина на 21 мај 2020 (четврток) со почеток во 12 часот.

Во поздравното видео учествува  и ученичка  Михаела Растаноска од ОУ„Тодор Ангелевски“ со стихотворба „Мајски цвет“ од Видоје Подгорец, подготвена од наставничката Бисера Петровска Аргиновски.

Подготвила Јелена Петровска

http://hortikulturna.biblioteka.org.rs/index.php/2-uncategorised/26-zlatiborska-medjunarodna-smotra-hortikultirnih-biblioteka-i-knjiznica-na-festivalu-poljdkog-cveca-cajetina-2020

http://www.biblioteke.rs/

https://www.youtube.com/watch?v=QF_hPBLng18&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3jR8p3JkglaDg1AtP_nyMSVyWu_AyCxkRJhaCNQuGIm7Fxo-hsLendSyk

 

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер