English French German Macedonian

Зошто читањето денес е толку многу важно

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Читај... и никогаш нема да бидеш сам!

Повеќе од кога било, во време кога голем број на училишта ширум светот се затворени, а луѓето се ограничуваат своето време да го поминуваат надвор, моќта на книгите треба да се користи за борба против изолацијата, засилување на врските меѓу луѓето, проширување на нашите хоризонти,  стимулирање на нашите умови и креативност.

Во текот на месец април и цела година, клучно е да одвоите време да читате самостојно или со вашите деца. Време е да се слави важноста на читањето, да се потикне што поголем број на деца читатели и да се промовира доживотна љубов кон литературата и влучување во светот на работно ангажирање.

Преку читање и одбележување на Светскиот ден на книгата и авторските права, 23 април, можеме да се отвориме кон другите,  и покрај далечината можеме да патуваме благодарение на имагинацијата. Од 1 до 23 април, УНЕСКО споделува цитати, песни и пораки за симболизирање на моќта на книгите и охрабрување на читањето колку што е можно повеќе. Создавајќи чувство за заедница преку споделеното читање и споделеното знаење, читателите ширум светот можат да се поврзат и меѓусебно да помогнат во спречување на осаменоста.

Во вакви околности, ги покануваме студентите, наставниците, читателите од целиот свет, како и книжната индустрија да сведочат и да ја изразат својата љубов кон читањето. Ве охрабруваме да ја споделите оваа позитивна порака со другите преку #StayAtHome и #WorldBookDay.

Исто така, постојат материјали што ќе можете да ги користите за да ги вклучите сите заедници на читатели, поединци и институции. Без разлика дали сакате да ги отпечатите или ставите на wall (sидови), да ги споделите на социјалните медиуми или да ги објавите на вашата веб-страна, тоа многу помага!

Колку повеќе луѓе ќе достигнеме, толку на повеќе луѓе може да им помогнеме!

Извор:

https://en.unesco.org/commemorations/worldbookday

 

Подготвила Јелена Петровска

Сподели на Facebook