English French German Macedonian

Голем интерес за семинарот за Дислексија во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Семинарот “Современи методи и алатки при работа со ученици со дислексија и дискалкулија” се одржа во НУУБ “Св. Климент Охридски” Битола, во соработка со Здружението за Дислексија Ајнштајн од Скопје, на ден 07.03.2020 година. Семинарот беше наменет за сите наставници/професори, специјални едукатори и рехабилитатори, педагози, психолози, логопеди, родители како и за сите заинтересирани граѓани.
Дамјан Николовски од Здружението за Дислексија Ајнштајн од Скопје укажа на потреба од едукација на родителите, но уште повеќе на наставниците за препознавање на проблемот кои води кон тешкотии со учење.

Од името на Библиотеката програмскиот раководител м-р Јелена Петровска зборуваше за важноста на ангажирањето на библиотеките во програмите на заедницата врзани со важни проблеми во едукативниот процес, во секојдневно живеење на граѓаните па се до заедничко креирање на библиотечните проекти. Беше најавена и претстојната кампања на библиотеката насловена како „Читај за да го промениш светот.
Семинарот го водеше водеше лиценцираниот предавач за корекција на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис г-ѓа Славица Тасевска Николовска од Скопје.
На семинарот учесниците имаа можност одблиску да се запознаат со принципите на Дејвисовата метода за корекција на дислексија, дискалкулија, диспраксија, диграфија и АДХД со примената на практичните алатки за учениците со дислексија кои може да ги користат за време на часовите, но и во домашни услови. Истиот беше поделен во два дела и тоа: Како да ја препознаете дислексијата, практични алатки за помош на деца со дислексија, односно потешкотии со читањето и учењето, стратегии за работа во класот во кој има ученици со дислексија, практични вежби за помош на деца со дислексија, совладување на азбуката, креирање на збор со пластелин, ментални алатки за обезбедување на фокусираност, мотивација и одговорност, стратегии за читање за деца со дислексија, практични алатки за помош на деца со дискалкулија, вовед во дискалкулија, како да ја препознаете дискалкулијата, практични вежби за помош на деца со дискалкулија, основни математички симболи, основни математички операции и Совладување на таблица за множење и Декадниот систем. Интерактивните вежби опфатија работа со глина со цел да се објасни суштината и значењето на јазикот, моделирање на збор кој е тежок за визуелизизација и вовед во математиката преку моделирање со глина. По завршување на семинарот сите учесници добија сертификат за учество и едукативни материјали за работа со ученици со дислексија и дислалкулија.

Приредила Лидија Мирчевска, виш библиотекар. На следниот линк следат ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер