English French German Macedonian

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ го креираа празничниот изглед на детскиот оддел

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола следејќи ја својата мисија како мултифункционален образовен и културен центар во градот и ова година во пресрет на божиќните и новогодишните празници се погрижи со своите програми и активности да ја воспостави врска со граѓаните на Битола, заеднички да го осмислат и уредат просторот во Библиотеката, особено за нејзините најмлади читатели.

Во соработка со ОУ „Гоце Делчев“ и наставничка Розита Радевска учениците учествуваа во празнично украсување на Детскиот Оддел во Библиотеката. Во добро расположение, опкружени со книги и омилени ликови од домашната и светска литература, најмладите цртаа и боеја, сечеа снегулки од хартија и се погрижија омиленото место во градот да го обојат со љубов, радост и детската фантазија.

 

 

 

 

 

 

 

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер