English French German Macedonian

Промоција на Млади поетски перформанси - книга 3

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Ве повикува на промоцијата на книгата „Млади поетски перформанси – избор на поетски творби, книга 3“.
Промоцијата ќе се одржи на ден 3.12.2019 година (вторник) со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката.
Веќе три години, Библиотеката со голем ентузијазам започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од 5-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објават во збирка поезија со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја.
Проектот опфаќаше конкурс за доставување на поетски творби, кој беше јавно распишан во текот на 2019 година. Најдобрите и најквалитетните творби кои беа доставени се објавени во оваа заедничка збирка поезија.
Во збирката се опфатени над 40 творби кои учестуваа самостојно или со ментори – наставници. Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија, координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска, соработници во проектот се Илче Стојановски и м-р Зоран Јанакиевски.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер