English French German Macedonian

Промоција на „Пчеларски календар“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“  - Битола во соработка со пчеларското здружение „Нектар “од Битола организираa промоција на „Пчеларски календар“ од авторите проф. д-р Александар Узунов од Факултет за земјоделски науки и храна од Скопје и  м-р Борче Павлов професионален пчелар.
Промоцијата  се одржa на ден 23 ноември  (сабота) 2019 година, со  во просториите на Библиотеката. 
Во „Пчеларски календар“  се опишани целогодишните активности во пчеларникот, апитехниката, фазите во функционирањето на пчелните семејства низ годината, согласно специфичностите на климатските и вегетациските услови во Македонија. Тоа е поткрепено со релевантни податоци за температурите, врнежите, како и фенолошкиот календар за цветање на некои медоносни растенија во Македонија.  Промоцијата влегува во новата програма на библиотеката „Хортикултурни библиотеки“ како дел од регионален проект поврзан со содржините екологија, хортикултура и подигање на свеста за важноста на живот во здрава средина, промовирана во Европа од стана на УНЕСКО –  УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.  На следниот линк следат повеќе фотографии   https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157958130213679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер