English French German Macedonian

Австрија чита

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Австриската библиотека од Битола во месецот на книгата заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола се приклучува на најголемиот литературен фестивал „Австрија чита“ со две работилници со ученици основци и средношколци оддржани на 29.10. и 30.10.2019 година во просториите на Библиотеката. Идејата за вакви средби со ученици е да се запознаат со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, да изнајмат книга и да читаат од богатиот фонд на германскојазичната литература. На 37 учениците од основните училишта „Тодор Ангелевски“ и „Гоце Делчев“ предводени од нивните наставнички по германски јазик Елена Поповска и м-р Симона Монавчева им беше претставена австриската писателка Мира Лобе, автор со книжевен опус на повеќе од 100 книги преведени на околу 10 јазици.

За време на презентацијата на оваа значајна авторка од страна на раководителката на Австриската библиотека од Битола д-р Валентина Илиева беа и изложени голем број на книги Мира Лобе. Учениците учествуваа во работилницата со книжната трка низ делата на Лобе во форма на работен лист со пет задачи (издание, главен лик и сл.) откривајќи информации за истата, а при тоа држејќи книги од Лобе на германски јазик в рака. Учениците со радост ја завршија нивната задача и како награда добија бук маркер и шарено моливче спомен за оваа прекрасна средба. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157898119743679&__xts__%5B0%5D=68.ARA4AUdepvpNYMASQFs6j5cyk7BVeZk8RGdbYoV683YH7VqCa7xdZEhrK3ku2A-A2LYOlR9h_EW2CRoFK5BV2RlWVfdrt8uneEKdtGhhLtJFuMzuMj86do7k8swHWr-4HfYbT8isp3YX3R3oiLjDEokxd4QcYdrWP_bj6E_KLnWSl47zF5WsZTY4w_YJzFxtGgmTCtfrRPNfXKxDOELJuXnaZyrJ-xqV4b7S5eQ-BlKZnfkBoT9gFqdSr75z4fc94Wya0Ij6z8wTd-IgxPJcxgL76485C4IEbl994Yr6h4OFAt7UcZsla0OMLUbU-BsYvLnE17dXGJW0S62bmIOLwdq3aNEWBZ7YqHDcA9PYiEzb52UiwLJ09ICkKLXEOPNg1LUpwD3k8_b47gvZZPjATyn5O9RpaDvsSsq2RLPFmBlIrYQ-CxWCVwRIaTpccjWyUKsdc0M&__tn__=-UC-R и следи линк од медиум http://www.apla.mk/index.php/denes/item/3615-reli-trka-za-uchenici-niz-stranicite-od-knigite-vo-avstriskata-biblioteka-vo-bitola?fbclid=IwAR1HLCQsZXGCD9lvTv9WrjSiyeOIQEJh1uob5F-k6YmTiVaABTp5rY1i7lg

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер