English French German Macedonian

Учество на конференција на библиотечна унија во Варшава, 2019

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Претставници од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, (Јана Михајловска Иванов), ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци Скопје(Сузана Данаилова и Биљана Кочишка) и НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола (Јелена Петровска) заедно со претставници од Кина, Словенија, Хрватска, Полска и Словачка од 21-25 октомври зедоа учество  во Конференцијата на библиотечната унија која што е дел од програмите на Форумот на библиотечна Унија на Кина и земјите од ЦИЕ, 17+1. Програмата беше организирана од Националната библиотека на Полска  која е активност предвидена со Декларацијата за меѓусебна соработка, потпишана од сите членки на Унијата.

Во програмата покрај темите од областа на дигитализација, реставрација и заштита на библиотечниот материјал, авторски права, е-публикации се реализира и програма за запознавање на процесите на работа во одделите за конзервација и дигитализација.

Придружувани од исклучителни библиотечни експерти од наведените области учесниците имаа прилика да разговараат за можностите за понатамошна соработка и размена на искуства. Особен интерес предизвикаа посети на повеќе различни типови на библиотеки и запознавање со најновите трендови во библиотечното работење. Во програмата беа вклучени јавни и универзитетски библиотеки, со стари збирки, како и најсовремена Мултимедијална библиотека за деца и млади, отворена во 2014 година која што е повеќе пати наградувана за своите иновативни програми од роботика, најсовремен дигитален едукативен и дидактички материјал за деца (Лего програмирање, Лего креирање на приказни,KNEX конструкции за градење и графички дизајн) па се до многу богата програма за теен генерација и повозрасни.

Учесниците имаа прилика и за разменување на искуства и меѓусебни контакти како можност за реализирање заеднички проекти.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер